Насловна / Архитектура / Од Скопје до Австрија, врвниот дизајн и квалитетна градба се дел од секој објект на групацијата „Балфин“

Од Скопје до Австрија, врвниот дизајн и квалитетна градба се дел од секој објект на групацијата „Балфин“

Ние ги обликуваме нашите градби, а потоа тие нè обликуваат нас. Оваа позната изјава на британскиот премиер Винстон Черчил е мисла-водилка на една од најголемите инвестициски групации на Балканот, „Балфин“. Групацијата која е позната по тоа што во секој свој објект имплементира врвни архитектонски стандарди, во земјава е застапена со две големи инвестиции – компанијата „Ист гејт“ која работи на изградба на мултифункционален комплекс со исто име во Скопје и најголемиот малопродажен ланец за бела техника и електроника „Нептун“. Доказ за оваа мисија на „Балфин“ е фактот што проектот за „Ист гејт“, кој наскоро треба да почне да се гради во главниот град, е изработен од еден од најреномираните архитекти во Европа, Керем Јазган. Комплексот ќе биде микс на трговски центар, резиденцијални објекти и канцелариски парк направен според највисоки стандарди.

1 Skopje East Gate_web

Ексклузивен проект во Австрија

Групацијата „Балфин“ е позната по големиот број архитектонски бисери во регионот, а во моментов е насочена кон Австрија. „Балфин Холдинг“ е компанија која е основана во април 2018 во Австрија и е фокусирана на изградба како и на големи инвестиции во сферата на градежништво како што се резиденцијални објекти, вили и ресорти. Од октомври минатата година, групацијата почна резиденцијален проект кој веќе е во фаза на изградба.

2 Balfin Holding

Комплексот е лоциран во областа Алтминстер, познат туристички предел во близина на езерото Траунзе. Проектот вклучува два резиденцијални дела со згради на три ката. Алтминстер е туристички град сместен три километри јужно од Гмунден во регионот на Горна Австрија и се граничи со Германија и Чешка. Оваа инвестиција од неколку милиони евра на „Балфин“се очекува да биде комплетирана во 2019 година.

Модерна зграда за модерна Тирана

3 Rolling Hills

Rolling Hills Luxury Residences е комплекс кој е прв од ваков тип во Албанија и се простира на површина од 40.000 квадратни метри каде се сместени 153 елегантни вили. Лоциран е во предградието Пертела кое се наоѓа на 15 километри од Тирана и е препознатливо по прекрасното зеленило и ридестиот терен. Жителите на овој компекс може да уживаат во чистиот воздух и природната средината кои се само дел од бенефитите од животот во оваа заедница. Rolling Hills Luxury Residences е проектиран од американското дизајнерско студио Three.Стилот е инспириран од француската неокласична архитектура, но со свеж и и нов дух. Дизајнот на вилите е спој на безвременска убавина и елеганција, а најголем дел од градбите се наоѓаат на падина и се интегрирани со теренот и средината.

Шарен облакодер

Резиденцијалната зграда Ambasador 3 исто така е сериозен проект на „Балфин“ и се простира на површина од 32.300 квадратни метри во близина на вештачкото езеро во Тирана. Станува збор за облакодер со 23 ката кој нуди 24-часовно одржување и услуга, а самата градба е забележлива по модерниот и шаренолик дизајн. Има 155 резиденцијални апартмани и 123 паркинг места, додека големината на становите варира од 95 до 245 квадратни метри.

4 Ambassador 3

Најголемите трговски центри во земјата

„Балфин“ стои и зад најголемиот трговски центар во Албанија, „Тирана Ист гејт“ (Tirana East Gate – TEG) кој зафаќа површина од 42.000 метри квадратни и има 150 продавници. Со иновативен концепт, ТЕГ нуди ново искуство во шопингот и забавата, а тоа што го засилува е големиот избор на брендови и продукти, како и место за забава, достапни ресторани и кафулиња и максимум комфорт за потрошувачите.

5 Tirana East Gate_web

QTU – Univers Shopping Center е првиот трговски центар во Албанија и останува омилена дестинација за шопинг и забава. Ова произлегува од големиот избор на брендови и продукти кои може да се најдат таму. QTU секоја недела има повеќе од 75.000 посетители и паркинг места за 800 автомобили. Отворен во октомври 2005, овој трговски центар го револуционизираше целиот малопродажен пазар во Албанија воведувајќи концепти кои претходно не беа видени во земјата како и нудејќи им најдобри брендови, услуга и грижа на потрошувачите.

6 QTU

Квалитет на морското крајбрежје

Групацијата „Балфин“ дополнително е насочена и кон проекти од сферата на туризмот меѓу кои е Vala Mar Residences сместен во Хамалај, Драч, на брегот на Јадранското Море. Овој резиденцијален ресорт стана голема туристичка дестинација за поединци и семејства кои сакаат да уживаат во воздухот и бараат сигурност, квалитетен дизајн и инфраструктура. Со цел да им понудат интимност на жителите, вилите и резиденцијалните згради се оддалечени најмалку 30 метри едни од други, а погледот е насочен кон песочните плажи и прекрасното море. Секој објект е направен според албанските норми и европските стандарди за дизајн, така што неспорниот квалитет е суштинска придобивка на Vala Mar Residences.

7 Vala Mar Residences

Луксузни вили крај плажа

Од друга страна, Green Coast Resort е единствениот ексклузивен и луксузен ресорт лоциран на една од најубавите плажи на албанското крајбрежје, Паласа (во близина на Валона). Тука Средоземното и Јонското Море создаваат воодушевувачко крајбрежје кое е една од најдобрите туристички дестинации во земјата. Во ресортот има четири типа објекти, од елитни вили до апартмани каде пространите и стилизирани вили совршено се вклопуваат со зеленилото и секоја градба има поглед на море. „Балфин“ планира изградба и на хотел со 5 ѕвезди во рамки на ресортот, а во моментов има одлична понуда да се купи вила со заем од одредени албански банки кои пак може да се добие без гаранција. Дополнително, отворена е и програма за изнајмување, услуга која им се нуди на жителите со која може да го остават објектот во рацете на искусен тим кој ќе се погрижи за 13 години да им се врати инвестицијата и да почнат да заработуваат.

8 Green Coast

Комплексот е блиску до Валона, Дерми, Химара и Саранда и располага со голем број на активности како возење на кану, рибарење, планински велосипедизам, параглајдинг итн. Green Coast Resort е во комплетна симбиоза со еко-системот, културата и историјата на пределот. Премиум ресортот нуди висококвалитетен начин на живот, врвна услуга и забава, а најголемата предност е тоа што се наоѓа покрај море.

„Балфин“ е една од најголемите приватни инвестициски групации во регионот, која е позната по своите инвестиции во трговски центри, резиденцијални и комерцијални објекти и туристички проекти. Покрај во Албанија и во нашата земја, компанијата е присутна со различни типови на проекти и во: Австрија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина и Холандија.

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top