Насловна / Архитектура / Од колиба до сончана оаза

Од колиба до сончана оаза

На едно од најветровитите и истовремено и најсончевите места во Велика Британија изграден е необичен објект по проект на архитектот Мареј Кар.

8
На островот Тајри од архипелагот Хебрид на северозападаот на Шкотска, брачниот пар Кар од Глазгов повеќе од 40 години ги поминувал своите одмори. По заминувањето во пензија посакале токму тамо да имаат куќа. Купиле традиционална шкотска црна куќа, камена колиба, со намера да ја прошират и реконструираат. Нивниот син, архитектот Мареј Кар познавајќи ги желбите на својата фамилија направил проект кој ги воодушевил сите.

7

Куќата е замислена како единствена целина која се состои од два главни засебни објекти, поврзани со ходник со стаклен кров и раздвоена од главниот анекс.

2
На место на старата куќа направена е гостинска куќа, која по изгледот личи на оригиналната камена колиба со дебели камени ѕдиови обоени бело и кров со завршен слој од црни битуменски траки. Со оглед на силните ветришта и близината на морето, новиот дел на објектот е полувкопан во терен до ниво на прозорите.

1
Надворешниот дел на главниот објект личи на земјоделски магацин, бидејќи е со полукружен пресек, што е во склад со почетната замисла на архитектот, доградениот дел да изгледа како од секогаш да бил тука. На местот на старата куќа изградена е гостинска куќа на две нивоа.

5

3

На првото ниво е дневната соба, преку која е овозможен влез во главниот ходник за комуникација меѓу објектите, една спална соба и скали кои водат на другото ниво каде се сметени другата спална соба, купатилото и простор за игра и одмор.

6
Главниот објект покрај топлата врска со гостинската куќа има и свој засебен влез и споредни простории. Тука се тоалетот, издвоено утилити и главната остава. Од овој хол се влегува во главниот ходник наткриен со стаклен кров. Од десната страна на ходникот со скали се оди на горното полуниво во една долга централна просторија која ги обединува главната трпезарија, кујната и мал дневен боравок со отворен камин.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top