Насловна / Вести / Обновливите извори на енергија добиваат свое место во системите за далечинско греење во Србија

Обновливите извори на енергија добиваат свое место во системите за далечинско греење во Србија

Наскоро во Србија нема да се користи ниту мазут ниту јаглен за производство на топлинска енергија за греење, бидејќи државата и локалната самоуправа се свртуваат кон почисти енергенти и ширење на мрежата за далечинско греење. Министерството за рударство и енергетика има намера со поддршка на ЕБОР да го искористи потенцијалот на обновливите извори на енергија, особено соларните термални системи.

DH1

Во Србија, топланите на биомаса се сеуште ретки, со исклучок на помали котларници од кои главно се грејат јавни згради. Тоа сега би можело да се промени, преку проектот на ЕБОР за развој и имплементација на соларни термални системи, како и топлински пумпи, геотермална енергија, отпадна топлина, биогас и сл. Ресорната министерка Зорана Михајловиќ неодамна потпишала Меморандум за разбирање со претседателката на ЕБОР, со цел подобрување на квалитетот на воздухот, промовирање на користењето на обновливи извори на енергија за производство и дистрибуција на топлинска енергија и подобрување на енергетската ефикасност. Само една поголема топлана, во Књажевац, користи биомаса како основен енергент. Преку програмата на германската развојна банка KfW, во изградба се погони во Прибој и Мал Зворник, а оваа година започнуваат и работите на подигањето на новата топлана во Нови Пазар.  Министерството открива дека преку посебни програми и со помош на меѓународните финансиски институции, планира да ги поддржи локалните самоуправи во користењето на соларна енергија и биомаса во системите на далечинско греење.

DH2

ЕБОР работи на декарбонизација на системите на далечинско греење и ладење преку својот Фонд за системи за далечинска енергетика од обновливи извори на енергија на Западен Балкан. Поддршката на зелената економија и унапредувањето на енергетската ефиканост се меѓу приоритетите на оваа банка.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top