Насловна / Вести / Oбновa на фасадите на два објекта на булеварот „Илинден“

Oбновa на фасадите на два објекта на булеварот „Илинден“

dve fasadi na bulevar ilinden (2)

Во тек е изведбата на санаторско-реставраторските работи на фасадите на објектите бр. 68 и бр. 80 на булеварот „Илинден“ во Скопје, датирани од периодот меѓу двете светски војни, проект кој е дел од Акцискиот план на Владата на Република Македонија и Министерството за култура за обнова и конзервација на повеќе фасади од старата градска архитектура во значајните градски јадра во нашата држава. За таа цел, од страна на надлежната установа од областа на заштитата на недвижното култутрно наследство за Скопје и Скопско, НУ Конзерваторски центар – Скопје, во 2014 годинa се изготвени основни проекти, завршени административните процедури на одобрување и јавните набавки.dve fasadi na bulevar ilinden

Фасадите на објектот на бул. „Илинден“ бр. 80 (или позната како зграда на МЦМ) планирано е да блеснат во полн сјај во текот на летото, а санацијата на фасадите на бул. „Илинден“ бр. 68 треба да биде завршена до почетокот на есента 2015 година. Надлежната установа, во текот на минатата година ги реставрираше фасадите на објектите со бр. 41 и бр. 63, лоцирани во споменичката целина „Дебар маало“ кои претставуваат значајно културно наследство од почетокот на 20 век со архитектонско стилски вредности од раната модерна, а во текот на 2015 година ќе бидат изработени и пет основни проекти за конзервација и реставрација на објекти во споменичката целина – Стара скопска чаршија.

Испрати коментар

Scroll To Top