Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Облакодерот „Leatop Plaza“ прва LEED Gold сертифицирана зграда во Јужна Кина

Облакодерот „Leatop Plaza“ прва LEED Gold сертифицирана зграда во Јужна Кина

mm - Leatop Plaza  design by MurphyJahn 01
Овој облакодер висок 270 метри е завршен во 2012 година, со највисоки приоритети  по однос на прашањата за енергетска ефикасност, и токму затоа е првиот објект во Јужна Кина со LEED ( Leadership in Energy & Environmental Design) Gold сертификат. Објектот е обложен со стаклена фасада која го максимизира нивото на природна светлина при оптимално ниво на сончево зрачење, односно топлински добивки во внатрешноста на објектот.  За разлика од другите објекти каде се троши енергија во огромни количини, објектот „Leatop Plaza“ рециклирал 75% од сопствениот градежен отпад и дополнително ги намалил трошоците за енергија користејќи локални и регионални материјали, вклучувајќи и 20% рециклирано дрво.

Покрај тоа, ефикасниот и моќен систем на дијагонални конструктивни елементи поставени на сите четири фасади, овозможува минимизирање на централното бетонско јадро. Проектиран да изгледа како да е исечен од едно парче мраз, јасната силуета на објектот е обложена со порозни надворешни стаклени елементи кои создаваат идеална термичка изолација. Архитектите од студиото JAHN Architects проектирале и системи за регулирана  вентилација, системи за рекуперација на топлината и високо ефикасен систем за климатизација за намалување на користењето на енергијата.
mm - Leatop Plaza  design by MurphyJahn 03

Испрати коментар

Scroll To Top