Насловна / Градежништво / Десет години по Олимпијадата во Атина, спортските терени во очајна состојба

Десет години по Олимпијадата во Атина, спортските терени во очајна состојба

Greece Olympics Athens Decay   Голем број од спортските терени и содржини специјално изградени за Олимписките игри кои се одржаа  од 13 до 29 август 2004 година, се крајно запоставени и воопшто не се одвојуваат средства за нивно одржување.  Во моментот Грција има други грижи и приоритети.

Image: Garbage floats in a deserted swimming pool at the Olympic Village in ThrakomakedonesОвие летни Олимписки игри чинеа околу пет милијарди евра, а само мерките за безбедност достигнаа една милијарда евра. Вистинските општи расходи никогаш не се дознаа. Големото доцнење на градежните работи предизвикаа стравови од катастрофа во организацијата за да се стигне навреме, а договрите за изградба на стадионите и содржините беа склучувани без тендери.  И покрај многубројните предизвици, Олимписките игри сами по себе поминаа мазно и беа наречени „незаборавен сон“ од претседателот на МОК, Жан Рог, на церемонијата на нивното отварање.

Грците беа вредни, си ја исполнија задачата, а како што неодамна пишуваше весникот Катимерини, „тогаш верувавме во соништата“. Но тој сон се претвори во кошмар само неколку години потоа, кога Грција падна во голема финансиска криза.

ss-140807-athens-olympic-stadiums-07.nbcnews-ux-1360-900Јана Ангелопулу, шеф на организацискиот комитет за организирање на Олимиските игри, побара од Атинскииот институт за економија да подготват детално истражување за игрите, кое се очекува да биде готово до крајот на годинава.

Независно од резултатот од тоа, Грците навикнаа на проблемите, но и кажуваат многу примери за добрите нешта по Олимпијадата, како на пример одличен систем на подземнен транспорт, олимписки стадион на кој игра фудбалскиот клуб АЕК. Од друга страна пак, властите ветуваат дека содржините на стариот аеродром Елиникон ќе бидат повторно користени во следните години, според плановите за изградба на најголем пристаништен центар во источниот дел на Средоземно Море.10-Years-Since-Athens-Olympics

Испрати коментар

Scroll To Top