Насловна / Архитектура / Облакодер Mercedes – Benz Places: Нов симбол на луксузот во Дубаи

Облакодер Mercedes – Benz Places: Нов симбол на луксузот во Дубаи

Дубаи, познат по својата склоност кон архитектонски чуда, наскоро ќе стане дом на нов импресивен облакодер – Mercedes-Benz Places. Оваа кула висока 341 метар, сместена во близина на Бурџ Калифа, ќе биде првиот станбен објект кој носи потпис на автомобилскиот бренд Mercedes-Benz. Проектот кој е резултат на соработката помеѓу Mercedes-Benz и Binghatti, претставува значаен чекор за автомобилската компанија во светот на недвижностите.

dubai1

Mercedes-Benz Places, кој ќе се издигне на 65 ката, ќе биде едно од највисоките зданија во градот. Проектот го карактеризира флуидна форма со закривен врв и фасади украсени со логото на Mercedes-Benz. Облакодерот ќе содржи 225 станови, како и ресторани, теретана, салони, изложбени простори и VIP паркинг. Иако деталите за овој облакодер сеуште се оскудни, најавено е дека тој треба да биде завршен во 2026 година.

dubai2

Овој проект е најнов во низата на станбени објекти кои ги креираат производителите на автомобили ширум светот. Покрај Mercedes-Benz, брендовите како Bugatti, Bentley, Aston Martin и Porsche, исто така развиваат станбени недвижности. Porsche на пример, изградил 60 катен облакодер во Мајами Бич, кој е отворен во 2017 година, додека Bentley работи на изградбата на облакодер со 61 кат во близина.

Испрати коментар

Scroll To Top