Насловна / Архитектура / Објект Sinjinmal | Aрхитектонско студио GAON

Објект Sinjinmal | Aрхитектонско студио GAON

Studio Gaon_Sinjinmal Building (7)
Сместен во јужнокорејскиот град Инчон, на брза сообраќајница покрај индустриски објекти и станбени комплекси, објектот се издвојува како долга и витка структура која неминовно кореспондира со околниот контекст. Имајќи ја целата дизајнерска слобода, архитектонското студио GAON се одлучило за проектирање на динамична структура со ритмично напластување на слоевите во внатрешноста, заживувајќи ја со варитетети на циркулација кои ги поврзуваат различно обликуваните простори.
Studio Gaon_Sinjinmal Building (5)
Јужната фасадна обработка на објектот целосно се вклопува со изразот на непосредните индустриски објекти, меѓутоа се одликува со минимален број на застаклени површини за да би се обезбедила неопходната приватност на корисниците. Истворемено, на западната страна масивна површина од прозорци овозможува непречено природно осветлување на внатрешноста, отворајќи ги визурите на структурата кон постоечките резиденцијални зони. Како најспецифичен екстериерен детаљ, кој ја потенцира западната фасада на објектот, се издвојува дрвеното цик-цак скалиште ориентирано кон традиционална кореанска куќа, стара 400 години.
Studio Gaon_Sinjinmal Building (10)
Како во ентериерот така и при надворешното обликување, придушената сива нијанса креира континуирана материјална естетика. Завршната обработка на фасадата се одликува со комбинација од соголена бетонска површина и дрвени вертикални елементи, додека ентериерот е изведен од цементни блокови и бели ѕидни површини.
Studio Gaon_Sinjinmal Building (1) Studio Gaon_Sinjinmal Building (3) Studio Gaon_Sinjinmal Building (11)
Имајќи предвид дека најдоминантната карактеристика на кореанската архитектура е динамиката на повторување простори, архитектите ја дизајнирале меѓукатната конструкција на третиот кат во облик  на скалишна површина. Овој простор е наменет да се користи како јавно, заедничко катче и сала за семинари. Скалишното јадро, пак, ориентирано кон север, е обоено во црвена боја која доминира на застаклената фасада, интерпетирајќи линија на минати, сегашни и понатамошни алтерации и интервенции.
Studio Gaon_Sinjinmal Building (2) Studio Gaon_Sinjinmal Building (6) Studio Gaon_Sinjinmal Building (4)  Studio Gaon_Sinjinmal Building (8)

Studio Gaon_Sinjinmal Building (9)

Испрати коментар

Scroll To Top