Насловна / Градежништво / Француска канцелариска зграда обложена со перфорирана брановидна фасада

Француска канцелариска зграда обложена со перфорирана брановидна фасада

branovidna obvivka perfomirana

Француското архитектонско биро PAD проектираше прекрасна фасада за меѓународната јахтинг компанија Beneteau. Сместена во градот Givrand во Франција, зградата е покриена со бела перфорирана обвивка која ја штити внатрешноста од губење на енергија, и обезбедува пријатна работна атмосфера.
Софистицираната обвивка е направена од топлотно-обликуван и ултра-отпорен материјал наречен HI-Macs. Архитектите ги искористиле различните својства на овој материјал, како би ја приспособиле фасадата со големиот брановиден образец кој го претставува и логото на компанијата.branovidna obvivka perfomirana_1
Главната зграда е во потполност обвиткана со бела фасада која личи на мрежа, и која е одделена од внатрешноста со коридори и стаклена галерија. Големите фасадни панели се прикачени за металната конструкција која ја опкружува структурата, а резултатот е фасада која обезбедува убава и приспособена обвивка за канцелариски простор, филтрирана светлина во текот на денот, и создавање пријатен работен простор.branovidna obvivka perfomirana_7
Со избирање на таков флексибилен материјал за проектот, архитектите биле во состојба да го приспособат дизајнот за потребите на компанијата. Неправилните перфорирани дупки во брановидниот дизајн на фасадата, исто така, на проектот му дава уникатно чувство на движење и живост.branovidna obvivka perfomirana_3branovidna obvivka perfomirana_5

Испрати коментар

Scroll To Top