Насловна / Архитектура / Објавени се роковите за упис на факултетите на Универзитетот во Љубљана

Објавени се роковите за упис на факултетите на Универзитетот во Љубљана

Пријавувањето за упис на прва година на додипломски и интегрирани магистерски студиски програми за кандидатите од Северна Македонија ќе се одржи од 17 февруари до 20 април.

Универзитетот во Љубљана е најголемиот и најстариот универзитет во Словенија, а се рангира во најдобрите три проценти од универзитетите во светот. Во оваа студиска година на истиот студираат речиси 40 илјади студенти. Веќе неколку години по ред бројните меѓународни студенти доаѓаат токму од Северна Македонија. Во оваа студиска година на Универзитетот во Љубљана студираат 743 студенти, од кои 415 студент на додипломските и интегрираните магистерски студиски програми, 290 студенти на магистерските студии и 38 на докторските студии, а она што е најзначајно е тоа што студентите од  Северна Македонија можат да студираат под еднакви услови како и словенечките студенти.

L4

Словенија склучи меѓудржавен договор со Северна Македонија врз основа на кој студентите од Северна Македонија се ослободени од плаќање на школарината за додипломските и интегралните студии, освен во случај кога тие претходно се стекнале со еквивалентен степен на образование. Школарината е задолжителна и за сите вонредни студенти и докторски студенти, при што постои можност на кофинансирање на докторските студии.

L1

КОНКУРС ЗА УПИС 2023/24 рокот за пријавување за додипломски и интегрирани магистерски студии е до 20 април 2023 година!

Во објавата на конкурсот за упис, којашто е објавена на нашата веб-локација, можете да го пронајдете линкот до eVŠ-портал преку кој сите кандидати се пријавуваат онлајн. На нашите веб-локации можете да најдете и повеќе информации за роковите на пријавување, како и да ги погледнете видеопрезентациите во врска со пополнувањето на пријавите и доставувањето на документите за признавање.

Годинава првиот рок за пријавување за упис во прва година на додипломските и интергрирани магистерски студии за кандидатите од државите кои не се членки на ЕУ ќе се одржи од 17 февруари до 20 април. Сите детали поврзани со пријавувањето, како и другите корисни информации можете да ги најдите во календарот на активности на нашата веб-локација.

Помош во постапката на пријавување и прием може да се побара во рамките на Инфо-точка, меѓутоа пријавувањето може да се изврши и со помош на советување преку веб-локацијата за постапката на пријава и прием за упис на додипломските студии. Ве предупредуваме дека за пријавување на Универзитетот во Љубљана не се потребни услугите што ги нудат агентите и агенциите за регрутација, бидејќи пријавата е мошне едноставна, а доколку се јави некаков проблем, истиот брзо се решава, а нашите служби може да ги контактирате во секој миг.

Роковите за пријава на магистерските и докторски студиски програми се разликуваат и се објавени во конкурсот за упис. Нашиот предлог е во објавата на конкурсот да се провери рокот на пријавувањето за саканата студиска програма.

L2

ИНФОРМАТИВНИ ДЕНОВИ

На 17 и 18 февруари 2023 година ќе се одржат информативните денови на нашите факултети и академии, а додатни информации побарајте на нивните веб-локации.

Воедно ве повикуваме и да ни се придружите на 27 февруари 2023 година од 14 часот на онлајн презентацијата во којашто ќе учестуваат и нашите факултети, па ќе можете директно да му поставите прашање на претставникот на факултетот за којшто сте заинтересирани.

Исто така, на 3 март 2023 година во 14 часот ќе организираме и сесија на прашања и одговори, а во рамките на истиот настан ќе ви бидеме на располагање за сите ваши прашања.

Повеќе информации за условите за упис, за процедурата на прием, дозволата за времено престојување (виза) и уште многу други работи ќе може да најдете во видеото подолу.

 

Видео: UL ADMISSION PROCEDURE – YouTube

 

Изборот на студиите е една од најважните одлуки во вашиот живот. Ви предлагаме добро да размислите кои се вашите интереси, бидејќи тоа мошне го олеснува и натамошното учење. Посетете ги нашите веб-локации и социјалните мрежи на факултетите што се од вашиот интерес, како и нашите штандови на виртуелниот саем на образование »Na koji ćeš faks« и дознајте сè што е потребно да знаете доколку ги бирате студиите на нашиот универзитет и подгответе ги своите прашања. Доколку ви е потребен совет или помош, не двоумете се да ни се обратите. Ќе се обидиме да ви ги дадеме сите информации и одговори на сите ваши прашања. Среќно!

Кусите и корисните информации на македонски јазик можете да ги најдете на овој линк: https://www.uni-lj.si/study/presentation/study-macedonian/

www.uni-lj.si/study

L5

ЛЛЛ

 

Испрати коментар

Scroll To Top