Насловна / Арт и дизајн / „Обичниот човек“ на Жарко Башески во Чифте амам

„Обичниот човек“ на Жарко Башески во Чифте амам

Проект од годишната програма на Националната галерија на Македонија ќе биде претставен на свеченото отворање и започнување на Скопско лето 2016.

Така, отворањето на оваа манифестација ќе биде утре (21 јуни) во 20 часот во објектот Чифте амам, со изложба „Обичниот човек“ на авторот Жарко Башески, а куратор на проектот е Горанчо Георгиевски.baseski obicniot covek_3
Интересот во творештвото на Жарко Башески е свртен кон човекот, па оттаму и интересот за хиперреалистичкиот приод во обликувањето на концептот на делото, кој во идејната проекција го надминува и хиперреализмот и говори за животот и реалноста во која живееме.baseski obicniot covek_4

Жарко Башески е роден во Прилеп на 11 август 1957 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во 1988 година во класата на Петар Хаџи Бошков. Постдипломските студии ги завршил во 1998 година на матичниот факултет, во класата на Драган Поповски-Дада, каде што во тој момент работел како стручен соработник. Од 1988 година тој е член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, каде што има остварено голем број активности (групни и самостојни изложби).baseski obicniot covek_1

Имал студиски престој во Лондон од 1979 до 1982 година. Живее во Скопје и работи како редовен професор на Факултетот за ликовни уметности.
Изложбата ке биде поставена до 15 август 2016 година.baseski obicniot covek_2

Испрати коментар

Scroll To Top