Насловна / Вести / Нуркачите од „Амфора“ детектираа големи количества отпад во Охридското Езеро (видео)

Нуркачите од „Амфора“ детектираа големи количества отпад во Охридското Езеро (видео)

Подводната еко патрола на Нуркачкиот центар „Амфора“, детектираше големи количества отпад на местата каде реките Черава, Грашница, Далјан и Сатеска се влеваат во Охридското Езеро. Освен свежа вода, реките секојдневно носат големи количини најразличен цврст отпад кој тешко се распаѓа. Реките кои се влеваат во Охридското Езеро, се и негови најголеми загадувачи, пишува Оhridnews.

DCIM100GOPROGOPR1490.JPG

Охридските нуркачи со години алармираат на загрижувачката состојба со загадувањето на езерото. Тие редовно организираат акции за отстранување на цврстиот отпад, но нивната мисија однапред е осудена на неуспех поради несовесниот однос на граѓаните кои со несмален интензитет продолжуваат да го загадуваат езерото кое е прогласенои за светско природно наследство од непроценливо значење.

„Состојбата со вливот на реките во езерото е алармантна. Овој проблем е одамна познат во пошироката јавност. Има присуство на големи количини отпад во форма на градежен шут, пластични шишиња, метални канти, автомобилски гуми, разна облека…“,  велат од од Нуркачкиот центар „Амфора“.

DCIM100GOPROGOPR0387.JPG

„Бидејќи цврстиот отпад доаѓа во најразлични форми и габарит, потребно е сеопфатно решение на овој фундаментален проблем. Постојат неколку практични решенија кои можат да се применат на вливовите. Првото е да се изгради мрежна структура за зафаќање на отпадот која ќе се протега на ширината на вливовите, а потоа ќе се управува од копно или пловен објект, а второто да се постави таканаречен кит за чистење реки – иновативно решение засновано врз принципот на колекторска мрежа чија цел е да го акумулира отпадот кој лебди или е полупотопен и функционира како природна брана“, предлага меѓународниот нуркачки инструктор Јован Секулоски.

Извор: Оhridnews

3_resize

4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top