Насловна / Вести / Нуклеарната централа во Запорожје најголема во Европа

Нуклеарната централа во Запорожје најголема во Европа

Запорожје е град кој е распространет околу бреговите на Днепар, една од најголемите реки во Европа која тргнува на својот пат долг 2285 километри во близина на Смоленск во Русија и го завршува во Црното Море. Градот Запорожје во мирните времиња е историски и културен центар на Запорошката област на југо-истокот на Украина со значајна административна и индустриска улога и популација од околу 700.000 жители.

01 Razglednica Zaporozje

Во негова близина се сместени бројни хидроцентрали од кои најпозната е ХЦ „Днепар“ изградена во периодот 1927 -1932 со првична инсталирана моќност од 558 MW, но разрушена во Втората светска војна и повторно изградена во 1948 сега со поголема моѓност од 750 MW. Тука се наоѓа и Запорошката термоцентрала изградена во близина на Енергодар (1971 – 1977)  на северо-западот на областа со капацитет од 3650 MW.

02 Pogled na Hidrocentrala od ostrovot Kortizija

Запорожје има и нуклеарната централа која се наоѓа во јужната украинска степа на реката Днепар, на околу 550 километри југоисточно од главниот град на Украина, Киев и околу 525 километри јужно од Чернобил.

Она што во моментот претставува огромна загриженост кај целата светска и посебно европска јавност, е нејзиното оперирање во целосно воени услови.

06_Mapa

Ова е најголемата европска нуклеарна централа во сопственост на украинската државна компанија „Енергоатом” и е деветта најголеми централи во светот. Изградена е помеѓу 1980 и 1985 година, во времето на Советскиот Сојуз во близина на градот Енергодар и почнува со работа во 1985 година. Централата ја сочинуваат шест ладилни кули, езеро, шест реактори (секој со поединечна инсталирана моќност 950 MW и вкупна моќност од 5700 MW,  доволно за околу 4 милиони домови), складиште за радиоактивен отпад, канцеларии за вработените и инфраструктура за пренос на електричната енергија. Само како податок, годишното производство во 2016 година изнесувало 29.299 GWh.

03 Pogled na Hidrocentrala od ostrovot Kortizija

Реакторите во централата се од типот PWR (pressurized water reactor). најголемиот дел од реакторите во светот се од овој тип, и тие се побезбедни од на пример оние во Чернобил, иако и тие се од советско производство. Работат на гориво збогатено со фисиониот изотоп ураниум-235. Кај овој тип на реактори, примарниот ладилен медиум (водата) се пумпа под висок притисок во  јадрото на реакторот каде што се загрева од енергијата ослободена од нуклеарното гориво при нуклеарната реакција. Така загреаната вода со висок притисок оди во генератор на пареа, каде што ја предава топлината на друг – секундарен круг на вода со низок притисок. Трансформацијата понатаму на топлинската енергија во механичка и во електрична е иста како кај конвенционалните термоелектрани. Овие реактори имаат и резервни системи за ладење за итни случаи.

04 Nuklearna centrala izgled

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top