Насловна / Вести / Новосибирското метро едно од најекстремните во светот

Новосибирското метро едно од најекстремните во светот

Новосибирското метро е една од седумте подземни железници во Русија. За метрото во Новосибирск често се вели дека е најекстремно во светот. Ова не значи дека е опасно со него да се патува, туку во предвид се зема суровата клима на овој сибирски град. Просечната годишна температура може да падне под нулата, зимите се долги и студени (често под минус 30 степени Целзиусови), а летото може да биде многу топло. Затоа изградба на метрото во услови на вакви температурни флуктуации е навистина екстремна, како и неговата експлоатација.

02

Новосибирското метро има две линии со едено преседнување во центарот. Има 13 станици со вкупна должина од речиси 16 километри. Но, и покрај неговата скромна големина, тој превезува просечно 80 милиони патници годишно (во 2022 година се превезле 77,3 милиони патници), а дневно повеќе од 200.000, што го прави третото најпрометно во земјата, по московското метро (над седум милиони луѓе на ден ) и во Санкт Петербург (повеќе од 2,5 милиони луѓе дневно).

3

Најголемо внимание привлекува „Речната станица“ на метрото. Кружните витражи на ѕидот ги прикажуваат сибирските градови: Новосибирск, Омск, Барнаул, Томск, Бијск, Новокузнецк, Тјумен, Тоболск и Мангазеја. На мапата можете да ги најдете сите овие градови освен Мангазеја. Исчезнала толку одамна што современите научници не се единствени ниту во лоцирањето на поранешниот град, ниту во тврдењето дека тој воопшто постоел.

03

Интересна карактеристика на новосибирското метро се предворјата на станиците, кои се наоѓаат во склоп на станбени згради. Во другите градови такво нешто попрво би било исклучок отколку правило, но за овој град е сосема логично. Новосибирск е урбанизиран со голема брзина, станал милионски град веќе во 1962 година, а кога е отворено метрото во 1986 година, зградите веќе биле изградени. Затоа под нив се изградени колосеците. Покрај тоа, метрото овде не е на голема длабочина (најдлабоката станица е „Сибирска“, 16 метри под земја).

4

За да стигнете од „Речна станица“ до „Студентска“, возот преку мост ја преминува реката Об за само четири минути. Должината на метро-мостот што ги поврзува бреговите на реката е 2.145 метри (од кои 896 метри се над водата). Поради температурни флуктуации, метро-мостот во зима се скратува за 50 сантиметри, а во лето станува подолг. Отворен е во 1986 година и сè уште е најдолг во светот.

1

Тешко дека ќе имате шанса да застанете на мостот и да уживате во погледот на големата сибирска река, бидејќи поголемиот дел од патот е затворен за да се заштитат возовите од ветрот.

Планирано е оваа година на мостот да се отвори станицата „Спортивна“.

Превозот може да се платити со жетони, а исто така и со бесконтактни картици за превоз и банковни картици.

2

Испрати коментар

Scroll To Top