Насловна / Архитектура / Новиот највисок облакодер во ЕУ може да прими над 11.000 луѓе

Новиот највисок облакодер во ЕУ може да прими над 11.000 луѓе

Во Варашава е изграден нов највисок облакодер во Европската унија. Наречен е Varso Tower, а проектиран е од страна на студиото  Foster + Partners и се издигнува на импресивна височина од 310m. Внатрешноста има околу 67.000 квадратни метри, на 54 ката со капацитет за 11.817 луѓе. Кулата е предвидена главно за канцелариски простор, иако содржи и затворен плоштад со повеќе стебла и уметнички дела.

варсо1

варсо2

На 53-тиот кат се наоѓа највисокиот видиковец во Полска од каде се пружа фантастичен поглед на градот, додека на 49-тиот кат е сместена пространа тераса со бар и 16 стебла. Облакодерот има добиено BREEAM стандард за зелена градба за својата енергетска ефикансост. Обложен е со тројно стакло со високи перформанси, додека дождовницата се собира за да се користи за наводнување. Досега највисокиот облакодер во ЕУ беше гермаската кула Commerzbank, исто така проект на Foster + Partners.

варсо3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top