Насловна / Архитектура / Новиот колосеум на вечниот град

Новиот колосеум на вечниот град

roma stadion vecniot grad (32)

На почетокот на летото, во Рим се одржа презентација на новиот стадион на фудбалскиот клуб Рома. Рим, познат како вечниот град, во исто време е дом на два фудбалски клуба, Рома и Лацио. Тие долги години го делат олимпискиот стадион кој се наоѓа на север од градот.roma stadion vecniot grad (15)

Фудбалскиот клуб Рома одлучил да инвестира во свој стадион, кој ќе се наоѓа на југ, помеѓу квартот ЕУР и римскиот аеродром, токму каде што се наоѓаат и навивачите на тој клуб на јужната трибина на постоечкиот стадион.
Идејата за преселба од урбаното градско јадро стана многу популарна последниве години. Покрај тоа што стадионите заземаат вредно градско земјиште, често се функционално употребливи само за настани како што се утакмици или концерти, што во денешно време е недоволно тие објекти да бидат одржливи, пред сè во економски поглед. roma stadion vecniot grad (31) roma stadion vecniot grad (29)

Освен тоа, овие објекти бараат и комплексна придружна инфраструктура бидејќи треба да се обезбеди пристап и престој за повеќе десетици илјади луѓе, што во повеќето случаи не е лесно во урбаните градски средини, каде што се наоѓаат голем број стадиони изградени пред повеќе децении.roma stadion vecniot grad (17) roma stadion vecniot grad (18)
Новиот стадион е само еден од објектите во новиот дел на градот, кој носи назив „Тор ди вале“ (Tor di valle), каде што се наоѓа хиподромот во мошне запуштено опкружување. Интерванцијата зазема простор од близу 125 хектари, во непосредна близина на реката Тибар и претставува инвестиција од преку милијарда евра. Од целокупниот простор, околу две третини ќе бидат зелени површини. roma stadion vecniot grad (12) roma stadion vecniot grad (11)

Покрај големата зелена површина која доминира со просторот, јасно може да се забележат и две структури кои се суштински за новиот дел од градот, а тоа се спортскиот комплекс на стадионот со придружните објекти и спортските терени, и новиот деловен блок.roma stadion vecniot grad (19) roma stadion vecniot grad (20)
Стадионот е проектиран како модерно здание за 60.000 посетители, десет влезни точки и паркинг за 7.000 возила. Архитектурата на објектот се заснова на употреба на современи материјали како челик и стакло, со дополнителни архитектонски елементи од камена „обвивка“ која со својата форма ја интерпретира сликата на античкиот колосеум. Дел од стадионот ќе биде покриен со тефлонска структура која ги штити посетителите од временските прилики.roma stadion vecniot grad (21) roma stadion vecniot grad (25)

За разлика од сегашниот стадион, новиот објект ќе биде отворен во текот на цела година бидејќи проектот предвидува ресторани, барови и продавници. Дел од комплексот ќе го сочинува и новиот трениг центар со два фудбалски терени каде што ќе тренираат првотимците од Рома.roma stadion vecniot grad (26)
Спортскиот дел на проектот го потпишува американското архитектонско студио „Меис“ (Meis) од Њујорк, кое има проектирано голем број спортски арени. Модерниот објект ги исполнува современите стандарди во проектирање спортски објекти, кои денес многу повеќе се мултифункционални објекти отколку класични простори за одржување спортски настани, а истовремено со својот архитектонски израз е потсетник на најславната арена на античкиот свет.roma stadion vecniot grad (33) roma stadion vecniot grad (34)

Архитектонскиот тим имаше интересен предизвик, да направи нов спортски објект кој за нијанса ќе има повеќе од останатите спортски објекти – симболичка поврзаност со римскиот колосеум. Се чини дека успеале во тоа, со употребата на камената обвивка на која се воочува јасна хоризонтална поделба на три дела, со голем број вертикални отвори.
Вториот дел од интервенцијата се состои од деловниот комплекс со кој доминираат три облакодери.roma stadion vecniot grad (2)

Проектот е на светски познатото студио „Либескинд“ (Libeskind) од Њујорк. Трите облакодери, високи до 220 метри, ќе бидат видливи од автопатот што води од римскиот аеродром кон центарот на градот. Симболички, тие ќе ја претставуваат модерната „капија на градот“. Архитектонскиот израз на формата доаѓа од идејата на римскиот градежен камен блок ил конџо (il concio). Конџо е претходник на денешните префабрикувани елементи. roma stadion vecniot grad roma stadion vecniot grad (4)

Тоа биле камени блокови обликувани така што можат директно да се користат во изградбата. Биле користени за лакови, куполи или фасади. Еден каман блок со својата геометрија директно налегнува на соседниот камен блок. Трите објекти претставуваат три дела од единствениот камен блок, кои се раздвоени и поставени во форма на триаголник, со заеднички јавен простор во средишниот дел.

На долното ниво се наоѓа трикатен подиум со голем број продавници и ресторани. Модерната тенденција на современите облакодери вклучува и голема количина зеленило, кое се наоѓа во внатрешноста на објектот како дел од зградата во вид на вертикално зеленило.roma stadion vecniot grad roma stadion vecniot grad (2) roma stadion vecniot grad (10)

На тој начин, засадените дрвја во атриумскиот простор со повеќекатна форма, истовремено ќе овозможат единствен поглед кон градот, како и регулирање на климата во просторот преку природна заштита од сонце и филтрирање на воздухот.
Деловниот комплекс „Тор ди вале“ ќе биде уште еден во морето слични деловни квартови кои постојат ширум светот. Неговата убавина и посебност се огледуваат во тоа што неговата симболичка вредност – капија на градот – ќе има одредена улога во доживувањето на луѓето што доаѓаат во Рим, град кој не е познат по високи објекти. roma stadion vecniot grad (8)

Истовремено, симболиката за три дела од еден камен блок нема да биде видлива за сите, но облакодерите со својата форма, сепак, ќе бидат поразлични од стандардните облакодери, макар во фактот што композициски сочинуваат една целина.
Новиот стадион свечено ќе ги отвори своите порти на почетокот на фудбалската сезона 2017/2018 година, кога првите навивачи на познатиот римски клуб ќе ги заземат своите позиции за долги низа години. Тогаш Рим ќе има свој модерен колосеум подготвен да прими и угости десетици илјади луѓе, во новиот кварт опкружен со зеленило. Дали целиот проект ќе биде успешен, ќе покаже времето што во овој град остава видливи траги речиси два милениуми.roma stadion vecniot grad (7) roma stadion vecniot grad (5) roma stadion vecniot grad (6)
Кога ќе се играат завршните утакмици на сезоната, во текот на пролетта 2018-та, во трите облакодери веќе ќе бидат засадени дрвјата, првите корисници ќе се вселуваат, а завршните работи ќе бидат во тек. Милиони луѓе ќе доаѓаат како и секогаш во Рим, преку аеродромот „Леонардо да Винчи“ и многумина ќе се прашуваат што претставуваат оние три високи згради од левата страна.

Цело време колосеумот ќе биде на истото место како и во претходните два милениуми, како еден од најголемите симболи на една цивилизација, која дала форма на она што денес го викаме „модерен стадион“.roma stadion vecniot grad (30)

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top