Насловна / Вести / Нови строги правила за американските термоцентрали

Нови строги правила за американските термоцентрали

Coal-Power-Plant-III-West-Virginia-2007
Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама, најави дека денеска во сила ќе стапи новиот правилник за јаглен диоксид, со кој ќе се воведат нови досега најстроги ограничувања на термоцентралите во САД, кои користат јаглен при произведство на електрична енергија.

Според најавата, американската Администрација за заштита на животната средина (ЕПА) ќе обезбеди намалување на сегашното испуштање на јаглерод диоксид во атмосферата за цели 25 проценти до 2020 година, односно за 30 проценти до 2030 година, така што ќе воведе правила за постоечките термоцентрали. ЕПА ќе воведе одделни правилници за секоја американска сојузна држава.

Во САД има околу 1.500 термоцентрали на јаглен. Во сила веќе се строги регулативи за сите нови планирани термоцентрали од кои се бара да бидат особено ефикасни, но постоечките правила главно не се однесуваат на постарите, веќе функционални термоцентрали. Новите правила на ЕПА, кои се очекуваат денеска, ќе важат и за постоечките термоцентрали.

Испрати коментар

Scroll To Top