Насловна / Вести / Наградени бизнис планови за енергетска ефикасност

Наградени бизнис планови за енергетска ефикасност

kukja od slama strawbale_detail
Проектот „Енергетски ефикасна куќа од слама“ на тимот „Економични вати“ е добитник на првата награда во вредност од 500 евра на натпреварот за најдобар бизнис план за студенти во рамки на Платформата за енергетска ефикасност, во организација на ЕВН Македонија и Министерство за економија.

Втората награда во вредност од 300 евра ја доби тимот на „Енергетика 6“ за бизнис планот „Генератор на реката Вардар за ефикасно улично осветлување на Скопје“, додека третата награда од 150 евра ја делат тимовите „Аполон“ и „Енерго баланс“.

Над 150 студенти од скоро сите високообразовни институции во државава учествуваа во бизнис план натпреварот. Студентите, групирани во четириесет тимови, се натпреваруваа со нивната инвентивност, иновативност и знаење.

За подобро и поуспешно учество на овој натпревар студените добија и соодветна обука која се одржа на Деновите на образованието на Скопски саем. На учесниците на бизнис план натпреварот им беа дадени конкретни насоки и алатки за изработка на бизнис план и пресметки за енергетски заштеди.

– Поголема примена на енергетската ефикасност во реалниот сектор е една од главните цели на Платформата за енергетска ефикасност. Токму затоа навремената едукација кај студентите како главна одлучувачка сила во иднина во компаниите е од клучно значење. Искрено се надеваме дека со овој натпревар овозможивме стекнување на реални и конкретни можности на овој план, – изјави  Искра Тикваровска, координатор на проектот во ЕВН Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top