Насловна / Вести / Нови ски патеки и жичница на Водно

Нови ски патеки и жичница на Водно

vodnoskizicara_1

 Ски патеката на Водно, која градската власт неколку години наназад ја најавуваше како капитален проект и нова туристичка понуда на метрополата, сепак ќе се реализира, а со неа ќе стопанисува ЕЛЕМ. Оваа компанија веќе има искуство со менаџирење на вакви капацитети бидејќи управува со најголемиот и најпознат скијачки центра во земјава, „Попова Шапка“, како и со хотелот „Молика“.

Извесно е и дека проектот целосно ќе го финансира ЕЛЕМ, а би чинел околу 10,5 милиони евра, според  предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, каде што изгрдабата на ски центарот на Водно е најавена како дел од стратегијата за развој на туризмот.

Стартот на проектот ќе зависи од динамиката на изработка на проектната докумантација, но и од реализацијата на јавниот повик за избор на комапнија која ќе ги изведува градежните работи. Според познавачите, ски центарот најверојатно би почнал да се гради во 2016 година.

За љубителите на зимските спортови се планира  изградба на жичарница за транспорт на скијачи, ски лифт и четири ски патеки со вкупна должина од 3.850 метри. Скијачките патеки ќе бидат целосно осветлени и ќе се користат за ноќно скијање. Исто така, предвидено е изградба на два ресторани, административна зграда со ресторан, ски рента и ски школа и технички објект -гаража за ратрак и моторни санки, пумпната станица за системот за технички снег.

Градежниот институт „Македонија“ кон крајот на минатата година пронајде вода на околу 150 метри длабочина, кај детското одмаралиште на Водно, што според најавите на Градот ќе се користи и за правење вештачки снег за ски патеката.

Со изгрдабата на ски центарот како едно ново обележје на градот, би се заокружила спортско рекреативната и туристичка понуда на Водно, која веќе вклучува панорамско разгледување со жичницата што го поврзува Средно Водно со Милениумскиот крст. Во најава е и продолжување на жичницата од Средно Водно, надолу кон населбата Капиштец, а веќе се работи на доградба на Милениумскиот крст. Најдоцна за девет месеци треба да се направи антикорозивна заштита на металната конструкција, да се отвори ресторанот во кружната соба, да се изгради водовод, одвод, прочистителна станица, ново осветлување и нов лифт кој ќе води до краците.

vodnoskizicara_2vodnoskizicara_4vodnoskizicara_3

Испрати коментар

Scroll To Top