Насловна / Вести / Нова фонтана и спомен-обележје во центарот на градот

Нова фонтана и спомен-обележје во центарот на градот

vemero plostad_1

 На местото на старата жолта зграда на ВМРО-ДПМНЕ  се издигна осумкатен објект до кој странично се исправи и кула.

Последните три ката од осумкатницата ќе бидат наменети за канцеларии за партискиот претседател Никола Груевски и неговите соработници. Дали и за што ќе се користи кулата, веројатно ќе се знае кога ќе профункционираат партиските простории.

Според информациите што ги објави телевизијата „Телма“, штипската компанија „Бетон“ за реализација на овој проект доставила најевтина понуда во висина од 1.690.000 евра, а веднаш по неа следува понудата на „Бауер БГ“ од Скопје, која за изведба на плоштадот со површина од 681 метар квадратен побарала 1,7 милиони евра. Кавадаречки „Урбан Инвест“ поднесе понуда во висина од 1,8 милиони евра, додека скопски „Бетон“, фирмата што во моментов го гради и седиштето на владејачката партија, понудила цена од 1.870.000 евра.

 „Трансмет“ со својата понуда од 1.890 илјади евра барем засега бара најмногу пари од градската управа за да го изведе јавниот простор, за кој сè уште не се знае дали ќе добие градежна дозвола од општина Центар. Понудените суми од градежниците се повисоки од првично проценетата вредност на проектот од над 1,4 милиони евра, но од Градот Скопје се надеваат дека со електронската аукција, како следна фаза од тендерската постапка, ќе се намали и сумата за реализација на зафатот. Во меѓувреме, „Факом“ работи на подготовка на основниот проект за плоштадот „ВМРО“, кој во иднина на главниот град ќе му донесе уште една фонтана и спомен–обележје карактеристични за проектот „Скопје 2014“.

vemero plostad_2vemero plostad

Испрати коментар

Scroll To Top