Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Нови шест милиони денари субвенции за соларни колектори

Нови шест милиони денари субвенции за соларни колектори

soncevi kolektori za voda
Државата и годинава ќе додели шест милиони денари субвенции за граѓаните што ќе вградат сончеви колектори. Огласот го објави Министерството за економија, а граѓаните може да поднесат барање до 31 мај 2015 година.

Граѓаните може да побараат субвенција за вградените сончеви термални колекторски системи по 26 јануари 2015 година. Субвенцијата е до 30 проценти од трошоците, но не повеќе од 300 евра во денарска противвредност.

Ова е седми оглас за субвенционирање. Државата досега има исплатено 43 милиони денари на шесте огласи објавени во 2007, 2009, 2011, 2012, 2013 и 2014 година. Добитниците од овогодишниот оглас ќе се извлекуваат јавно на 6 јуни. Граѓаните што веќе го искористиле правото на субвенции во текот на претходните години, не можат повторно да се пријават на огласот. Покрај образецот за барање, заинтересираните странки треба да достават фискална сметка и фактура со извод од деловна банка како докази за извршено купување на колекторскиот систем.

Испрати коментар

Scroll To Top