Насловна / Вести / Нови геотермални електроцентрали ширум светот

Нови геотермални електроцентрали ширум светот

Geotermalna elektricna centrala Kenija1
Американскиот портал ‘Renewable Energy World.com’, известува дека американската компанија Ormat Technologies започнала со комерцијална работа на четвртиот блок во геотермалната централа GTE Olkaria III во Кенија. Како што се истакнува, отсега вкупната моќност на овој геотермален комплекс изнесува  139 MW, наместо поранешните 29 MW.  Целокупната произведена електрична енергија се продава на кенијската електроенергетска компанија KPLC  врз база на 20 годишен договор.
Geotermalna elektricna centrala Kenija
Истовремено, Развојниот фонд на Абу Даби (ADFD) потпишал договор за кредит во висина од 15 милиони долари со владата на карипската земја Сент Винсент и Гренадини, за изградба на геотермална централа. Како што се истакнува, проектот е само дел од програмата вредна 350 милиони долари формирана од страна на ADFD и Меѓународната агенција за обновливи извори (IRENA), со цел финансирање на проекти од обновливи извори во земјите во развој. Идната електрична централа во оваа островска земја ќе биде составена од три единици со моќност од по 5MW. Освен централата со проектот е предвидена изградба и на трансформаторска станица и далновод во должина од 40 km.

Испрати коментар

Scroll To Top