Насловна / Вести / Прва меѓународна конференција – Transport for Today’s Society во Битола

Прва меѓународна конференција – Transport for Today’s Society во Битола

Во годината во која се одбележуваат два значајни јубилеја на високообразовната дејност во Битола, (1100 години од смртта на Св. Климент Охридски и 55 години од формирањето на Техничкиот факултет), раководството и академскиот кадар на Технички факултет,  ја организира прва Меѓународна конференција од областа сообраќај и транспорт – Transport for Today’s Society, (www.ttsconference.org), која ќе се одржи во Битола, во периодот од 19 до 21 мај 2016 година.

Коорганизатори на Конференцијата се: Сообраќаен факултет во Белград (Србија), Факултет за Технички Науки во Нови Сад (Србија), Факултет за Транспорт во Катовице (Полска), Факултет за поморство и транспорт во Порторож (Словенија) и Сообраќаен факултет во Добој (Босна и Херцеговина).poster

Основната цел на Конференцијата се презентација на научни и стручни достигнувања и размена на искуства во областа сообраќај и транспорт, согласно основните предизвици во  нејзиниот развој предвидени со релевантните глобални документи.

Согласно основните насоки за развој на областа сообраќај  и транспорт во наредните триесетина години, (обезбедување на услови за поголема мобилност, заштита на животната средина, повисок степен на безбедноста во сообраќајот), планирањето во сообраќајот, сообраќајно – транспортната инфраструктура, транспортната економика, логистиката, транспортот и животната средина, безбедноста во сообраќајот, одржливите урбани системи, управувањето и контролата во сообраќајот, интермодалниот и мултимодалниот транспорт, интелигентните транспортни системи, во рамките на различните видови на превоз, (патен, железнички, воден, воздушен, поштенски), се само некои од темите кои ќе бидат предмет на научни и стручни анализи и дискусии во рамките на Конференцијата.

Членовите на меѓународниот програмски одбор се реномирани научни и стручни работници од Република Македонија, регионот, Европа па и пошироко. (Србија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Словачка, Полска, Литванија, Велика Британија, Јапонија).

Имајќи ја во предвид важноста од анимирањето на помладите колеги за учество на ваков вид на собири, во рамките на Конференцијата е предвидена можноста за постер презентација на резултатите од стручните и научно истражувачките активности на студентите од прв, втор и трет циклус на универзитетските студии.

Селектирани трудови од Конференцијата, ќе бидат објавени во „Хоризонти“ Серија Б, меѓународното научно списание на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, лиценцирано во EBSCO базата на податоци.

Испрати коментар

Scroll To Top