Насловна / Архитектура / Нова урбана интервенција. 54 социјални домови во Инкa, Шпанија

Нова урбана интервенција. 54 социјални домови во Инкa, Шпанија

Архитектонските студија Joan Josep Fortuny Giró и Alventosa Morell Arquitectes беа дел од проектот за изградба на станбен комплекс, составен од 54 единици за социјално загрозени категории корисници, во градот Инки, на Балеарските Острови, Шпанија.

9 10 11 13 2

Парцелата, на која истиот е лоциран има правоаголна форма и е со приближна површина од 3.266 m². Предложенoто решение се однесува на два фундаментални аспекти, постигнување на правилно инкорпорирање на објектот во неговата урбана и физичка средина, како и обезбедување соодветен одговор на функционалните програмски аспекти.

7

Објектот е организиран со оска север-југ околу која се создаваат два независни габарити, со генериран јавен простор меѓу нив. Поради наклонот на теренот, комплексот е позициониран блиску до улицата, за да се олесни пристапот до него. Проектот предлага различни типови на станбени единици со вкрстена вентилација.

8 12 14 16

Програмата предложена од Балеарскиот институт за домување се состои од подземен паркинг простор како одговор на општинските прописи, а 54-те домови се соодветно распределени на приземје и два ката. Во внатрешноста тие се поврзани со заеднички коридори и социјален простор кој овозможува зголемена интеракција помеѓу корисниците.

18 17 27 19

Модулот за домување е организиран околу централно јадро кое дефинира две области со двојна ориентација. Локацијата на дневните и ноќните зони варира во висина, создавајќи различни типови на домување по катовите. Секој од становите зависно од својата местоположба има приватна градина на приземје или тераса на последователните катови.

24 26 21 23 20

Фасадата е решена со помош на двоен керамички лим со изолација, додека надворешно обвивката се решава со изолација од плута и крупна вар. Надворешната столарија е изработена од алуминиум со термички прекин, а сончевата заштита се овозможува преку дрвени капаци, сертифицирани за одржлива експлоатација.

Покривите се рамни, каде станува збор за систем од  хидроизолација и чакал. Над нив се фотоволтаичните панели, аеротермалната опрема и опремата за обновување и вентилационите канали. Внатрешните тротоари се од керамичка глина со биомаса. Вентилацијата во домовите се решава со помош на единици за обновување на топлина кои го смируваат воздухот благодарение на аеротермалните систем.

30 31 28

Испрати коментар

Scroll To Top