Насловна / Вести / Нова, поамбициозна цел на ЕУ за обновлива енергија до 2030 година

Нова, поамбициозна цел на ЕУ за обновлива енергија до 2030 година

Минатата седмица постигнат е трилатерален договор на Европскиот Совет, Комисијата и парламентарните одбори за зголемување на задолжителниот удел на обновливи извори во енергетскиот микс, од претходните 27% на дури 32% до 2030 година, со што се настојува сериозно да се поттикне енергетската транзиција. Тоа е резултат на 18 месечни тешки преговори, но и оваа амбициозна цел ги остави разочарани дел од зелените активисти. Секако, одговорот од индустријата за обновливци е позитивен бидејќи со овој потег се отвара простор за нови инвестиции и нови работни места. Договорената нова цел е обврзувачка на ниво на Унијата, а земјите членки треба да ги претстават своите придонеси преку националните стратешки планови. Не помалку важно е дека државите членки ќе мора да достигнат таргет од 14% обновлива енергија и во секторот сообраќај.

Во текот на преговорите земјите имаа противставени гледишта. Не е изненадување фактот што Франција се залагала за дури 35%, бидејќи претседателот Макрон ја имаше токму енергетската транзиција на главно место во својата програма.

RES 20301

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top