Насловна / Архитектура / Нова метро станица во Неапол: Излегување од подземјето како вулканска лава

Нова метро станица во Неапол: Излегување од подземјето како вулканска лава

Главниот град на италијанскиот регион Кампанија наскоро ќе добие ново метро – проект потпишан од шпанското архитектонско биро Miralles Tagliabue EMBT.

3

За Неапол важи непишаното правило – или е премногу напреден или е премногу заглавен во минатото. Затоа овој пат градските челници одлучија да започнат неверојатна авантура и да им дадат на своите граѓани покриен јавен плоштад, кој ќе биде еден вид посредник меѓу сите критични точки во областа.

00

Новата станица за метро Centro Direzionale се наоѓа среде висок комплекс од стакло и челик од 1970-тите проектиран од Кензо Танге. „Нашиот проект посакува да воспостави поскладна врска помеѓу ово вештачки подиум и срцето на градот, создавајќи поодржлив и поатрактивен јавен простор“, велат архитектите од Miralles Tagliabue EMBT.

Нивната цел е како што велат, да го извадат Неапол од подземниот свет, исто како вулканската лава.

1

Станицата е органски објект со лесна дрвена конструкција и голема настрешница која ќе служи за создавање на покриен плоштад каде луѓето ќе можат да застанат и да се одморат. Изборот на употреба на дрво произлегува од потребата да се вгради постојната структура, но и од намерата да му се даде јасен идентитет на просторот. Зелените површини ќе бидат важен елемент на проектот, кој се одвива во континуиран распоред, следејќи ги на тој начин пешаците од градот до станицата.

02

Првичната идеја била да се користат материјали кои споделуваат врска со локалната наполитанска традиција, како базалтна лава и керамички завршен слој на покривот. Меѓутоа, поради непредвидено намалување на буџетот во тек на самиот процес на градење, многу карактеристики на каменот, како и на самиот покрив заменети се со смола.

EMBT Napoli -  Stazione Metro Centro Direzionale

Сепак, тоа нема да ја намали убавината на оваа станица, бидејќи намерата на проектантот е кровот да се надополни со дела на уличен уметник, односно неговата структура да се покрие со портрет на градот кој ќе може да се види од сите околни згради.

EMBT Napoli -  Stazione Metro Centro Direzionale

Уметноста, заедно со архитектурата и археологијата, е еден од најважните аспекти кога станува збор за изградба на подземни станици, а Centro Direzionale (се надеваме) ќе биде еден од посветлите примери на таа врска. За среќа, нема да чекаме долго бидејќи крајниот рок за завршување на работите е 2022 година.

EMBT Napoli -  Stazione Metro Centro Direzionale

4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top