Насловна / Архитектура / Нова автобуска и железничка станица во Нов Белград

Нова автобуска и железничка станица во Нов Белград

477523_blok-42-konkurs04foto-promo_lb
Во Белград е претставено првонаграденото решение за автобуска и железничка станица во Нов Блград. Урбанистичко-архитектонското решение на новите објекти во Блокот 42 ќе послужи како основа за натамошна проектна и планска разработка. Автори на делото се авторскиот тим на „Проаспект“, архитектите Владимир и Милан Лојаница. Врз основа на тој проект Заводот за урбанизам на Белград ќе почне со изработка на Планот за детална регулација.

Новата главна автобуска станица во Нов Белград ќе има 15 дојдовни и 38 појдовни терминали, додека идната главна железничка станица ќе има осум перони.

Како што пренесува сајтот Gradjevinarstvo.rs, идниот комплекс на Нов Белград, кој освен железничка и автобуска станица ќе опфати и атрактивен деловен простор, ќе зафати околу 21 хектар. Кога ќе биде целосно завршен, во овој дел на градот би требало да бидат изградени вкупно 180.000 квадратни метри деловен простор, опфаќајќи ги и двете станици. Посебен печат на оваа локација ќе и дадат трите кули од 23 ката, високи 70 метри.

Целта на конкурсот беше да да се добие најквалитетно урбанистичко-архитектонско решение за новите сообраќајни терминали во централната зона на Нов Белград, како и за деловно-комерцијални содржини.

На конкурсот пристигнаа 54 решенија, од кои осум од странство – Италија, Бугарија, Германија и Велика Британија. Инаку, еден од условите за учество на конкурсот беше водачот на тимот архитекти да има лиценца за проектирање од Република Србија.

Испрати коментар

Scroll To Top