Насловна / Вести / Доделени уште 50 решенија за легализација во општина Кисела Вода

Доделени уште 50 решенија за легализација во општина Кисела Вода

lo1

Денеска, во големата сала на општина Кисела Вода, градоначалникот Билјана Беличанец – Алексиќ, на нови 50 граѓани од општината им додели решенија за легализација на бесправно изградените објекти, со што вкупниот број на легализирани објекти се искачи на 2.739. Заклучно со денешниот ден, бројот на поднесени документи, без елаборат изнесува 3.928, од вкупно пристигнати 11.874 барања.
„Иако согласно со измените во законот за легализација на бесправни градби, рокот за поднесување на документите се пролонгира до крајот на декември 2015 година со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, сепак, препорака е да не се чека до последен момент за доставување на потребната документација, бидејќи користа од легализирањето на градбите е заемна. Граѓаните ќе станат сопственици на нивните имоти, а општината ќе може да донесе нови детални урбанистички планови, во кои ќе бидат впишани и новолегализираните објекти, што значи дека и на граѓаните и бизнис заедницата им се дава шанса за изградба на нови објекти“, сооппштуваат од Општината.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top