Насловна / Архитектура / Нова архитектонска одредница на Данска

Нова архитектонска одредница на Данска

Извајаната кула во форма на спирално скалило е всушност опсерваторија висока 25 метри со поглед на областа Хјемстед Олдтидспарк во Данска. Целта била да се создаде место од кое ќе може да се види пошироката област, од која посетителите ќе можат да ги набљудуваат природните убавини на овој регион во рамките на „Marks Camp“. Проектот го направи Bjarke Ingels Group (BIG).

DNK

Обликот на оваа кула е инспириран од спирала на ДНК молекули. Поделена е на два одделни чекори, едната за качување, а другата за спуштање. И двете им нудат на посетителите неверојатен поглед на далечната околина. До платформата на врвот може да се пристапи со мал лифт што поминува низ централниот дел на кулата и чиј отвор може да се види на врвот.

DNK1

Опсерваторијата ќе биде изработена од кортен челик што ќе и даде посебен изглед на конструкцијата. Материјалот е избран заради чистиот и едноставен израз, како и заради отпорност на корозија, а BIG се надева дека ќе се вклопи во околното природно опкружување и дека ќе им се допадне на локалните жители и посетителите.

Целта на овој амбициозен проект е да и се даде на оваа област возбудливо и искуствено архитектонско обележје што ќе привлече туристи од целиот свет во Хемстед.

DNK2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top