Насловна / Архитектура / Нов живот во стара бруталистичка зграда на Марсел Бројер

Нов живот во стара бруталистичка зграда на Марсел Бројер

Во срцето на Њу Хеjвен, во американската сојузна држава Конектикат, неодамна е реставрирана зграда од 1970-тите, која сега e со официјалното име Пасивна куќа „Hotel Marcel“.

Бруталистичката структура стара пет децении, која ја проектирал архитектот Марсел Бројер, трансформирана е од локалното архитектонско биро Becker + Becker, кое објектот го презело од компанијата ИКЕА во 2019 година.

2

Последните три години бирото ги поминало во реализација на проектот, обновувајќи ја внатрешноста, трансформирајќи го напуштеното канцелариско седиште во 165 хотелски соби, со ново фоаје, ресторан, галерија и простор за состаноци.

Модел на одржливо гостопримство

Објектот, кој денес е именуван по архитектот кој го проектирал, претставува „модел на одржливо гостопримство“, со цел да стане првиот хотел со сертификат пасивна куќа во САД.

„Се работеше на поставување на долгорочни приоритети за зачувување на историјата и економскиот развој за да се создаде висококвалитетен хотел и сала за состаноци блиску до брегот, железничките станици и главните автопати, а во исто време и на влезот во градот“, велат архитектите за DesignBoom.

5

Becker + Becker заедно со американското студио Dutch East Design успеаа да го реконфигурираат и реорганизираат ентериерот за да заживее „Hotel Marcel“.

Од мебелот и осветлувањето до изборот на материјали, тимот создал севкупен амбиент кој зрачи со минималистичка елеганција, карактеризирана со дрвени завршни обработки, бели ѕидови и суптилни дезени кои ја формираат основната позадина во неколку простории.

1

Оригиналниот изглед на фасадата е зачуван

Кога станува збор за екстериерот, архитектите се фокусирале на зачувување на оригиналниот изглед на фасадата, поправкајќи ја само онаму каде што е неопходно, без да се загрози впечатливата форма и бруталистичкиот релјеф.

7

Бројер првично ја осмислил зградата во 1967 година како правоаголен волумен поделен на половина, создавајќи простор за централна празнина поддржана од столбови.

Гледано од страна, архитектурата добива необична и неверојатна двојна форма, поради што се истакнува како обележје на Конектикат сите овие години.

3

Соларни панели и рециклирани материјали

Освен естетското реновирање, „Hotel Marcel“ постигнува импресивни бројки кога се во прашање неговите карактеристики на пасивна куќа.

Првично, американските архитекти ја опремиле оваа зграда со 1.000 соларни панели, обезбедувајќи 100 отсто од енергетските потреби за осветлување, греење и ладење.

4

Покрај тоа, Becker + Becker ја надополниле употребата на соларна енергија со рециклирани градежни материјали, кои при тоа се и локални, како и со топлинска изолација со високи перформанси, нисконапонско POE/LED осветлување и станици за полнење електрични автомобили.

6

Испрати коментар

Scroll To Top