Насловна / Вести / Нов урбанистички план за населба Илинден

Нов урбанистички план за населба Илинден

Советот на Општина Илинден донесе нов урбанистички план за населба Илинден, чија што површина на плански опфат изнесува 357,38 хектари, за плански период 2015-2025 година. ILINDEN урбанистицки план

Со донесувањето на урбанистичкиот план за Илинден се предвидуваат класи за домување, комерцијални и деловни намени, јавни институции, лесна и незагадувачка индустрија, зеленило и рекреација и инфраструктура.

Со цел да им излезе во пресрет на барањата на своите граѓани, но и на потенцијалните домашни и странски инвеститори, а согласно стратегијата за локален економски развој, Општина Илинден е насочена кон урбанизирање на просторот.

Во изминатиот период донесени се урбанистички планови за Марино и за Кадино, со што вкупно, со новиот урбанистички план за Илинден, досега се урбанизирани 697,27 хектари, што е од огромно значење во имплементирањето на визијата за развојот на Општината во наредните 50 години.

Во функција на локалниот економски развој, со носењето на урбанистичките планови за Илинден, Марино и Кадино се овозможија нови 3.000 неизградени градежни парцели за индивидуално домување во семејни куќи.

Испрати коментар

Scroll To Top