Насловна / Вести / Мароко – глобална соларнa суперсила

Мароко – глобална соларнa суперсила

solarna super sila (3)

Ouarzazate е град со 56.000 жители, се наоѓа во Мароко, а досега е главно познат како мека за филмски автори кои тука ги снимиле голем број на историски спектакли. Од легендарниот „Лоренс од Арабија“, преку последните искушенија на Христос па се` до „Гладијатор“ и некои делови од „Игра на тронови, овој град е незаобиколна станица за големите продукции на историски или фантастични хитови.solarna super sila (2)

Но, во 2020 година градот Ouarzazate, познат и како „врата на пустината“, ќе стане енергетски центар на иднината – до таа година треба да бидат завршени четирите меѓусебно поврзани соларни мега-централи кои со хидроенергијата и енергијата добиена од ветер треба да му обезбедат на Мароко повеќе од 50 проценти од струјата што ја троши таа држава.

Овој проект е еден од клучните во намерата Мароко да стане глобална соларни суперсила, пишува Гардијан.solarna super sila

Кога ќе бидат финализирани, електраните на Ouarzazate ќе обезбедуваат 580 MW моќ, доволно со енергија да се снабдуваат еден милион домаќинства. Целиот проект е во вредност од девет милијарди долари, а започнат е поради високата зависност од фосилните горива, коишто Мароко речиси во целост ги увезува од други земји.solarna super sila (4)

За споредба, најсилната електрана во светот е фамозната хидроелектрана „Три клисури“ во Кина, која е со капацитет од 22 500 MW.

Испрати коментар

Scroll To Top