Насловна / Вести / Нов третман кој ги прави суперлегурите шест пати поиздржливи на топлина

Нов третман кој ги прави суперлегурите шест пати поиздржливи на топлина

Во многу сегменти, може да се потврди дека декадава што изминува е во знакот на инженерските достигнувања , кои прават револуција во многу индустриски гранки. Тоа е посебно изразено во областа на т.н суперматеријали. Неодамна, група истражувачи од Idaho National Laboratory (INL) излегоа со откритие за кое веруваат дека претставува суперлегура што ги надминува способностите на било која друга суперлегура, односно овозможува за илјадници часови продолжување нa експлоатациониот век на деловите каде ќе најде примена.

За да ги обезбедат овие својства кај материјалот, научниците интервенирале во состојбата на микроструктурата, односно кристалните зрна на материјалот, преку сет од постапки на загревање и ладење. Резулататот е материјал со 6 пати поголема отпорност на топлина. Компјутерските симулации, покажуваат дека евентуален дефект индуциран од висока температура, би се појавил кај ваков материјал дури по 20.000 часови. Во врска со предностите за примена на овие суперлегури, секако едно од посебно интересните подрачја се електричните генератори. Сите детали за ова истражување се презентирани во трудот The origin and stability of nanostructural hierarchy in crystalline solids, кој е објавен на 16 ноември 2018 во Science Advances journal.

superalloys1

superalloys2

superalloys3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top