Насловна / Вести / Нов премин од училиштето „Мирче Ацев“ до спортската училишна сала

Нов премин од училиштето „Мирче Ацев“ до спортската училишна сала

Покриен пешачки простор долг 30 и широк четири метри ги поврзува зградата на основното училиште „Мирче Ацев“ и спортската училишна сала во општината Ѓорче Петров. За проектот се потрошени 1,2 милиони денари, а со неговата реализација се зголеми безбедноста на учениците кои веќе не мора да претрчуваат по калливата патека до спортската сала за да стигнат на часовите по физичко, или за да се вратат во училница.mirceacevskolo

Овој затворен ходник е изграден по барање на учениците и професорите. Преминот е граден со гитер-цигла, има нови ПВЦ-прозорци, покрив и нови подни плочки. Поставено е и ново внатрешно и надворешно штедливо осветлување. Проектот за затворање на пешачкиот премин до спортската сала е реализиран со средства од училиштето, Општината и родителите кои несебично се вклучени во неговата реализација.

Планирано е објектот да има и греење, па затоа ќе се поставуваат радијатори по целата негова должина.

Испрати коментар

Scroll To Top