Насловна / Архитектура / Нов поглед на зградите за локалната власт

Нов поглед на зградите за локалната власт

Зградата на јавните служби во Минеаполис му пркоси на архитектонскиот модел на недостапни бирократски центри.

zgrada

Наместо тоа, оваа огромна зграда создава атрактивен јавен простор кој поттикнува лични врски, отворен дијалог и граѓански ангажман. Историските, гранитни згради што го сочинуваат владиниот округ во Минеаполис нудат прекрасна, но непроѕирна архитектонска визија за граѓанска должност, ангажираност и транспарентност.

zgrada1

Иако традиционалниот архитектонски пристап кон граѓанскиот дизајн барал стилска церемонија, новата зграда на јавниот сервис во Минеаполис му понуди на градот помодерна алтернатива. Необичната зграда е прилично отворена и лесна за пристап на јавноста, а нејзините високо стаклени и алуминиумски фасади изгледаат доста гостопримливи.

zgrada2

Големото скалило во влезното фоаје обезбедува атрактивен јавен простор кој, дури и да не е физички поврзан со надворешниот плоштад, визуелно е поврзан со уличниот живот. На вториот кат од зградата дополнителното лоби ја поврзува зградата со друг дел од градот, па слободно може да се каже дека темите на транспарентност и поврзаност продолжуваат во целиот простор.

zgrada3

Канцелариите вклучуваат дневни работни места и затворени канцеларии, подобрен квалитет на воздухот во затворените простории и конференциски простор на последниот кат, заедно со кафуле и пространа тераса.

zgrada5

На овој начин се чини дека зградата е доста отворена за комуникација или средба на вработените, и тоа не само на состаноци. Скалите во двовисинските простори го следат патот на вработените низ зградата додека се качуваат, а исто така се шират, па служат како дополнителни простори за дружење.

zgrada6

Во владина зграда која бара висока безбедност, дизајнот е сè уште отворен на секој чекор, што ја прави оваа зграда навистина оригинална и достојна за внимание.

zgrada4

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top