Насловна / Вести / Нов мини-плоштад на улица „Пиринска“ во Центар

Нов мини-плоштад на улица „Пиринска“ во Центар

Rascistuvanje teren 11.10 (1)

Општина Центар, од денеска започна со расчистување на теренот и со уредување на мал плоштад на спојот на улица „Пиринска“ со булеварот „Св. Климент Охридски“, соопштија од Општината.

На местото на несредениот паркинг, оштетен асфалт и подлога и бандери од кои висат кабли, на површина од околу 300 м2, ќе никне плоштад, хортикултурно уреден, со јавно осветлување и нова урбана опрема.

Граѓаните се жалеа на изгледот и состојбата на овој дел од Центар и по контактите и разговорите со градоначалникот и општинските служби, започнува средувањето на просторот.

Ќе се постават клупи, држачи за велосипеди и корпи за отпадоци. Просторот ќе биде поплочен со висококвалитетни плочи од гранит и травертин. Материјалите се карактеризираат со трајност, квалитет и долговечност, лесно се одржуваат и се во склад со најсовремените светски стандарди за партерно уредување.

Веднаш по уредувањето на овој простор, ќе започне и изградба на мал сквер и на улицата „Чедомир Миндеровиќ“, на површина од 250 м2.

Испрати коментар

Scroll To Top