Насловна / Вести / САД и Кина ќе соработуваат за успех на Париската конференција за климата

САД и Кина ќе соработуваат за успех на Париската конференција за климата

SAD KIna sorabota za klimata

Кинескиот претседател Си Џинпинг и американскиот претседател, Барак Обама во телефонски разговор се договориле нивните земји да продолжат да соработуваат во решавањето на проблемот со климатските промени, јави кинеската државна телевизија.

Американскиот и кинескиот претседател се согласиле дека тесно ќе соработуваат за да овозможат успех на Конференцијата за климатските промени во Париз.

Преговорачите од 195 земји на конференцијата се обидуваат  да постигнат спогодба со која ќе ги забават климатските промени и глобалната економија ќе ја пренасочат помалку да се потпира врз фосилните горива.

Според последните информации, по единаестдневните преговори, се очекува утре на конференцијата во Париз да биде усвоен договор за климатските промени.

Конференцијата ќе трае еден ден подолго од предвиденото.

Францускиот министер за надворешни работи, Лорен Фабиус, изјави дека учесниците на собирот „се многу близу“ до договор за намалување на емисите на штетни гасови, за кој се надева дека ќе биде постигнат уште денеска.

– Целта е глобалното затолување да се задржи „значително под“ два степена Целзиусови, изјави тој. 

Испрати коментар

Scroll To Top