Проектот за новиот Културен центар го презентира предизвикот врзан за комплексноста на јавниот простор и различните сообраќајни и урбани проблеми со кои се соочува историскиот дел на градот Кастело Бранко, во Португалија. Концептот на структурирање на културниот центар се базира на трансформација и ревитализација на старото градско ткиво во културен, атрактивен дел од градот. Дефинираниот облик на централниот плоштад, чија прва фаза на изградба се одвивала во 2007-та, се повикува на решавање на иницијалните топографски проблеми на локацијата, отворајќи потенцијал за изградба и дизајн на дополнителни објекти долж неговата траса. Позициониран на наклонето земјиште кое води до историскиот замок, плоштадот ја искористува топографијата за формирање на правци кои се преплетуваат, создавајќи природна водна површина во централната зона, пред фронтот на културниот центар.
Новиот Културен центар, кој ја опфаќа втората фаза од проектот за заживување на историското градско јадро, налегнува на два монументални столбови над плоштадот. Ослободувајќи го приземјето од секаква изградена структура, јавниот простор кој се јавува го задржува својот континуитет во однос на отвореното опкружување, добивајќи намена на сезонско лизгалиште за локалното население.
Со својата дрвена фасадна обработка, која се појавува како контраст на цинковата обвивка на суспендираниот дел, културниот центар претставува простор на нови активности, покрив и под кој се надоврзува на опкружувањето, соединувајќи ја урбаната секвенца, плоштадот и паркот.