Насловна / Архитектура / Норман Фостер ќе го проширува мадридскиот музеј Прадо

Норман Фостер ќе го проширува мадридскиот музеј Прадо

Museo Nacional del Prado или Музејот Прадо е шпанскиот национален музеј во Мадрид. Музејот е една од главните атракции на Мадрид, како и на цела Шпанија. Се состои од неколку илјади слики на шпански, италијански и француски уметници и многумина се согласуваат дека неговaта колекција заслужува да биде во светскиот врв.prado-foster_4

Кога објект од такво значење и углед треба да се реновира или преуреди, јасно е дека таква работа може да се довери само на исклучителни професионалци. Таа чест, да учествува во најновиот проект на реновирање, доделена е на британскиот архитект Норман Фостер, кој ќе соработува со шпанскиот архитект Карлос Рубио.prado-foster_1

Проектот е концентриран околу преуредување на објектот Salon de Reinos, а паричната вредност изнесува околу 30 милиони евра. Salon de Reinos неодамна му припадна на музејот „Прадо“ со цел зголемување на изложбениот простор.prado-foster_3

Од „Прадо“ порачуваат дека реконструкцијата максимално ќе го следи традиционалниот изглед на самата градба, но ќе се приспособи и на тековните потреби. Ова првенствено се однесува на покривот, кој во себе ќе има вградени соларни ќелии, што секако е карактеристика на модерните објекти. Сепак, естетски ќе биде ненаметливо интегриран, и ќе обезбедува природна енергија на галеријата.

Испрати коментар

Scroll To Top