Насловна / Арт и дизајн / Никогаш видени фотографии на преубавата Мерилин Монро

Никогаш видени фотографии на преубавата Мерилин Монро

Фасцинацијата со ликот и делото на неповторливата Мерилин Монро не престанува. И покрај тоа што почина во 1962 година, многумина се уште ја сметаат за инспирација, икона на стилот и дефиницијата на женственоста. Нејзиниот приватен живот бил обвиткан со тајни, исто како и околностите околу нејзината смрт, па фанови низ целиот свет и ден денес се веселат кога ќе се дојде до какви било нови откритија.мерлин монро_01

Иако не откриваат детали од нејзиниот приватен живот, неодамна објавените фотографии на славната актерка предизвикале големо внимание. Имено, досега не биле видени, а се работи за дела на нејзин близок пријател, модниот фотограф Милтон Грин.мерлин монро_02

Фотографиите на јавноста ги открил неговиот син, Џошуа Грин, кој може да се пофали на фактот дека Мерилин Монро му била дадилка. Милтон Грин и Мерилин Монро, освен долгогодишното пријателство, ги врзувало и успешна деловна соработка, па така некои фотографии на кои работеле заедно станале култни, како што се оние од серијата „Балерина“.мерлин монро_04 мерлин монро_03 мерлин монро_05 мерлин монро_06 мерлин монро_07 мерлин монро_10 мерлин монро_11 мерлин монро_08 мерлин монро_09 мерлин монро_12

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top