Насловна / Архитектура / Неодолива викендица на 3.200 метри надморска височина

Неодолива викендица на 3.200 метри надморска височина

Стрмната падина на планираната парцела го навела архитектот Хуан Естебан Руалес Ласо до една од првите и примарни решенија, да постави куќа од 170 метри квадратни наречена Пашохоа во Еквадор, спротивна на правецот на падината на теренот. Оваа одлука резултирала со сечење на теренот и формирање платформа што дополнително овозможило развој на проектот во согласност со желбата на клиентот „да пука“ поглед на околината од секоја просторија.

vikendica
Со цел да се отвори погледот кон околината што е можно повеќе, едноводниот покрив се спротивставува на правецот на паѓање на околниот терен.

vikendica1
Концептот на дизајнот на куќата се заснова на комбинирање на современи материјали, како што се челични и бетонски блокови со традиционален камен, како и дрво, тула и керамички плочки, пишува архитектот за ArchDaily.

vikendica2
Со комбинирање на материјалите, куќата го добила потребниот модерен изглед со сите стандардни удобности, но хармонично е комбинирана со традиционалната архитектура на околината. Всушност, се создадла совршена хармонија меѓу природата и архитектурата.

vikendica3
Архитектонската програма е развиена преку отворена концептна шема, каде просторите се поставени надолжно низ централниот коридор.

vikendica7
Покрај спалните соби и бањите, сите други простори се целосно отворени и заеднички, со цел да се направи куќата послободна и да се зголеми употребата на просторот.
Ограничениот буџет ја условувал големината на куќата, но тоа сигурно не го има намалено квалитетот на архитектурата и атрактивната естетика на просторот.

vikendica4

vikendica5

vikendica6

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top