Насловна / Архитектура / Неимарите добија конкуренција – ѕидари роботи

Неимарите добија конкуренција – ѕидари роботи

Италијанското студио  Carlo Ratti Associati во моментот работи на проектот на новата зграда на научниот кампус во рамките на миланскиот универзитет. Тоа што овој проект го издвојува од останатите е фактот дека фасадата од опека ќа ја направат роботи според однапред утврдена шема и распоред.  Проектот за фасадата вклучува и одредени симболи и букви, кои покажуваат каде се лоцирани конкретните оддели во зградата. Но, интересно е дека фасадата по потреба ќе може да се демонтира и преуреди во некој нов шаблон.

Milan5

Milan1

Milan2

Фасадата е дизајнирана по примерот на болницата  Ca’Granda која датира од 15-тиот век. Околу централниот плоштад на кампусот ќе никнат пет згради до кои ќе водат неколку пешачки патеки. Иновативната фасада е  само дел од проектот на ова студио, во рамките на кој се проектира целосно нов научен кампус од  150.000 квадратни метри, кој ќе прими  18.000 студенти и 2.000 професори – истражувачи. За изградбата ќе се погрижи австралиската компанија  Lendlease.

cagrada

Новиот научен кампус се наоѓа на извонредна локација, миланскиот дистрикт MIND, каде во 2015 година беше одржана Светската изложба. Покрај зелените простори во самата зграда, зелените покриви и тераси, во рамките на кампусот ќе биде направена и ботаничка градина.

Milan3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top