Насловна / Вести / Нехумани услови: Работници од Катар тужат американска компанија

Нехумани услови: Работници од Катар тужат американска компанија

Десетина работници од Филипини кои работеле на изградбата на стадионите во Катар пред минатогодишното Светско првенство, поднесоа тужба против американската компанија „Џејкобс солушнс“, обвинувајќи го работодавецот за „опасни и нехумани работни услови“.

Тужбата ја поднеле речиси 40 работници во Федералниот суд во Денвер, Колорадо. Обвинителите тврдат дека Џејкобс и неколку подизведувачи кои ги надгледувале работите ги принудувале работниците да живеат во нечисти и супстандардни бараки и да работат 72 часа во низа на екстремни жештини без храна и вода.

k1

Исто така, тужителите наведуваат дека не се платени за својата работата, а им биле одземени и пасошите, што ги спречува да бараат друга работа и не можат да се вратат во своите домови.

Компанијата „Џејкобс солушнс“, со седиште во Далас, Тексас, сè уште не се огласува по ова прашање. Компанијата и нејзините подизведувачи, дополнително се обвинети за кршење на американскиот закон кој забранува принудна работа и трговија со луѓе дури и кога работата се изведува надвор од територијата на САД. Меѓу обвинувањата е и тоа за немарност, а засега не се соопштува колкава отштета бараат тужителите.

k

Подготовките, а и самиот турнир во Катар ги одбележаа бројни протести и повици за бојкот токму поради лошиот третман на работниците. Здруженијата за работнички права беа многу гласни во повикот на бојкот.

Кога се спушти завесата на Мундијалот, престанаа приказните за правата на работниците кои ги граделе стадионите. Се додека не е поднесена оваа тужба.

Испрати коментар

Scroll To Top