Насловна / Вести / Науката отвора пат кон ефикасно производство на гориво од пластика

Науката отвора пат кон ефикасно производство на гориво од пластика

Претворањето на пластиката во гориво е еден од начините на кој научниците сакаат да го победат загадувањето со пластика. Со унапредување на процесот на пиролиза, истражувачите од Универзитетот Јеил успеале да претворат 66% од третираната пластика во хемикалии кои можат да се користат за горива.

Се користи процесот на пиролиза. Материјалот се загрева на висока температура без присуство на кислород. Кога температурата ќе достигне 900 степени Целзиусови, полимерите на пластиката се рапаѓаат на молекули на јаглеводороди. Некои од тие органски соединенија, составени од јаглерод и водород, можат да се користат за гориво. Со овој процес настанува пиролизно масло. Резултатите варираат, но пиролизата обично претвора околу 60% обработена пластика во таа суровина.

Моменталните методи не се доволно ефикасни и допрва треба да ја докажат својата одржливост. За подобрување на процесот најчесто се користат катализатори. Но, тие се скапи и не се долготрајни, па затоа оваа нова техника е во предност. Клучот на овој процес е 3D испечатен реактор со јаглероден столб, кој се загрева со електрична енергија и се состои од три дела со пори со различни димензии. Првиот дел има пори со големина од еден милиметар, следниот 500 микрометри, а третиот дел 200 нанометри. Како што поминуваат хемикалиите низ реакторот, оваа хиерархиска структура на пори игра клучна улога во контролата на текот на реакцијата. На пример, ги спречува поголемите молекули да минуваат понатаму пред истите доволно да се разложат. Освен тоа, овозможува контрола на температурата во реакторот, што спречува коксирање и други ефекти кои можат да го попречуваат процесот. Но, иако е постигната висока ефикасност, овој процес бара огромна количина енергија. Некои стручњаци тврдат дека концептот на пиролиза е бајка со која се служат нафтените компании и компаниите кои произведуваат пластика со цел да го оправдаат натамошното потпирање на фосилните горива.

Испрати коментар

Scroll To Top