Насловна / Архитектура / Научно-технолошкиот парк во Нови Сад, паметна и зелена зграда

Научно-технолошкиот парк во Нови Сад, паметна и зелена зграда

Научно-технолошкиот парк во Нови Сад е објектот со површина од речиси 30.000 квадратни метри, поделен во две целини, кој го користат Факултетот за технички науки, стартап компании и научни институти. 10.000 квадратни метри наменети се за 3.000 студенти и 400 професори, доценти и асистенти на Факултетот за технички науки, кои започнаа да го користат овој објект на крајот на јануари годинава. Останатите 20.000 квадратни метри ќе бидат изнајмени на стартап и ИТ компании.

0_resize

16_resize

Оваа паметна и зелена зграда е проект на Факултетот за технички науки, Департмент за архитектура и урбанизам, автори се архитектите Дарко Реба, Радивоје Динуловиќ, Драгана Константиновиќ и Миљана Зековиќ со бројни соработници.

4_resize

Од крајот на педесеттите години на минатиот век, кога е зачната идејата за сместување на едно место на Универзитетот во Нови Сад, во популарниот кампус се создадоа згради на различни факултети, проектирани од некои од најпознатите архитекти од Нови Сад и Белград.

Со текот на времето, овој простор станал вистинска изложба на отворено со експонати на современа домашна архитектура во која секој од објектите не само што е одраз на програмските барања на одделни факултети и инспирација на самите архитекти; туку и вистински архитектонски симбол на своето време. Последниот во низата објекти поврзани со кампусот е новата зграда на научно-технолошкиот парк.

2_resize

Научно-технолошкиот парк е пример за проект на комплексна програма која, во дадените урбанистички рамки на локацијата, успеа да реализира модерен концепт на просторот и да формира нов градителски слој во историјата на новосадскиот кампус и е добитник на специјална награда на 22. Салон за архитектира Нови Сад.

Print

01

Атрактивната локација, на работ од кампусот и на аголо на две фреквентни улици и уште една во најава, им обезбедила на архитектите доволно простор за сместување на сите содржини, но и можност да создадат монументален ентериер. Во стилот на современи јавни решенија за внатрешно уредување, авторите се одлучиле за варијанта на индустриска естетика со импозантни површини од натур бетон во комбинација со стаклени прегради, пластични бои и многу дневна светлина.

10_resize

Сите простори на приземјето заедно со атриумот и салите за предавања и професионални собири може да се сметаат за јавни, така што зградата ја пополнува празнината во градот кога станува збор за тој вид јавни собири.

13_resize

Епитетот „зелена зграда“ е обезбеден со зелени покриви на два спрата со површина од 1.000 квадратни метри, кои задржуваат 15 до 20 литри дождовница по квадрат, која вода ја користат растенијата. Овие кровови претставуваат вистински петти фасади и се дел од сдржините наменети за корисниците на објектот.

18_resize

Оваа паметна зграда има имплементиран Building Management Systems (BMS), кој ја контролираат целата техника и електроника во зградата, а се грижи и за осветлувањето, греењето, ладењето, вентилацијата, надзорот, како и системот за заштита од пожари.

Научно-технолошки парк вреден 26 милиони евра, наменет за Факултетот за технички науки e најголемиот факултет на Универзитетот во Нови Сад.

3_resize

11_resize 12_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top