Насловна / Архитектура / Арбора и Ориџин – едни од највисоките и најголемите дрвени објекти во светот

Арбора и Ориџин – едни од највисоките и најголемите дрвени објекти во светот

Арбора (Arbora) во Монтреал и Ориџин (Origine) во Квебек Сити се дрвени објекти кои се вбројуваат меѓу највисоките и најголемите во светот и се пример на посветеноста на Квебек за унапредување на употребата на дрвото во градежништвото. Во 2013 година, областа стана втора во Канада што дозволи висина од шест ката за објекти со дрвни конструктивни системи. Оттогаш, Квебек продолжува да води во развојот на големи проекти.

Origin Panorama

Дизајнирано од архитектонското биро Lemay + CHA во соработка со ProvencherRoy, комплексот Арбора е најголемиот од ваков вид во светот, со три осумкатни згради кои се состојат од скоро 55.700 квадратни метри, вклучувајќи 273 станови, 30 градски куќи,130 единици за изнајмување и деловен простор на приземјето на една зграда. Фасадните и преградните ѕидови се од вкрстено слепени плочи (CrossLaminatedTimber), додека скелетната конструкција е изработена од лепени ламелирани носачи. Поголемиот дел од проектот кој има  LEED Platinum стандард (Leadership in Energy and Environmental Design) беше завршен минатата година, а пак годинава се комплетираат некои завршни работи на третата зграда.

ARBORA detali

Ориџин е станбен проект од 13 ката од Yvan Blouin Architecte, завршен во 2017 година – истата година како TallWood House во Brock Commons, правејќи ги овие проекти највисоките дрвени конструкции во Северна Америка. Основа на објектот е еднокатен бетонски подиум врз кој се подигнува дрвената конструкција. Ориџин беше подигната во само четири месеци, во текот на зимата, додека зградата беше завршена за 16 месеци.

ARBORA konstrukcija 2

Проектниот тим спроведе двегодишно истражување, вклучително и сеизмичко и целосно испитување за заштита од пожар, за да се обезбеди оптимално конструктивна стабилност и безбедност. Примарната конструкција е изработена од столбови и греди – скелетната конструкција од лепени ламелирани носачи, меѓукатни плочи од вкрстено лепени плочи (CLT), внатрешни и надворешни ѕидови. Според архитектот, користењето бетон ќе додаде четири до шест месеци за комплетирање на проектот. Високата зграда од 13 ката, исто така, не би било можно да се гради со потешки материјали поради лошиот квалитет и механиката на почвата, бидејќи локацијата е близу река. Генијалниот дизајн на Ориџин вклучува еколошки и енергетски мерки како бел покрив за да се намали дневното загревање на објектот, и ефикасно подно греење.

ARBORA konstrukcija

Клучно за обете згради е вклучување на компанијата NordicStructures, која развива и продава производи од дрво и градежни системи произведени од нејзината сестринска компанија, ChantiersChibougamau. Повеќе од 50 години, Chantiers Chibougamau произведува дрвни производи во северен Квебек, сечејќи дрво од канадската тајга по строги насоки за одржливо користење на шумските капацитети. NordicStructures фабриката во Чибугамау произведува, префабрикувани дрвени компоненти исечени на точни димензии, користејќи CNC-технологија за изработување отвори за врати и прозорци.

Origine_Konstrukija 2

Секој од овие објекти стана централно место во соседството, прикажувајќи го одржливиот развој и интелигентното проектирање. Заедно, тие го отворија патот за повисоки дрвни конструкции во Канада, придонесувајќи за нивен технички развој. Со континуиран развој и нови иновативни конструктивни системи може да се достигнат и повисоки згради од 13 ката со што се зајакнува репутацијата на Канада како лидер во одржливата архитектура.

Arbora enterier

Origine_Konstrukcija 3

Origine_Konstrukcija 4

Испрати коментар

Scroll To Top