Насловна / Вести / Научник од Србија доби награда за бетон со пониско негативно влијание животната средина

Научник од Србија доби награда за бетон со пониско негативно влијание животната средина

Престижната европска стипендија „Марија Кири“ за идејата за производство на бетон со рециклирани и отпадни материјали, отиде во рацете на доцентот од Градежниот факултет во Белград, Никола Тошиќ.  Овие материјали имаат пониско влијание врз животната средина во однос на „стандардните“ бетони со цемент и природен агрегат, поради што Тошиќ ја добил поддршката од овој важен ЕУ фонд. Тој ќе има прилика да ги истражува можностите на микроармираните бетони со рециклирани и отпадни материјали, кои овозможуваат употреба на помала количина на цемент, заштеда на природни ресурси и намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

Бетонот е втор најкористен материјал на светот по водата – се произведува во количина од над 20 милијарди тони годишно – и како таков, бара голема количина на природни ресурси за производство.  Исто така, производството на цемент е одговорно за околу 7% од глобалната емисија на јаглерод диоксид. „Микроармираните бетони, од друга страна овозможуваат значителни заштеди во време и трошоци на изградба“ вели Тошиќ. Во рамките на неговиот проект ќе бидат испитувани можностите за употреба на разни рециклирани и отпадни материјали, како што се рециклирани агрегати добиени со дробење на отпад од градење и рушење, летечка пепел добиена со согорување на јаглен, згура од железарниците, во микроармираните бетони во кои кратките челични или пластични влакна менуваат дел или цела арматура. Исто така ќе бидат истражувани нови начини на испитување на овие бетони со цел да бидат попрактични за изведување на градилиштата или во мали лаборатории . На крајот, ќе бидат произведени конструкциски елементи од овој вид бетон, ќе бидат испитани неговите својства, а потоа се планира примена на овој вид бетон во еден инфраструктурен проект во Шпанија. Почетокот на проектот е планиран за јануари 2020 година.

marie1

marie2

marie3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top