Насловна / Вести / Настрешници за велосипеди од дотраени сечила на ветерници

Настрешници за велосипеди од дотраени сечила на ветерници

Енергијата на ветерот е една од најбрзо растечките технологии во секторот за обновлива енергија. Областите под ветерни електрани рапидно се зголемуваат од година во година на глобално ниво.

Во Данска, енергијата на ветерот е толку распространета што турбините на ветер одамна се дел од пејзажот. Всушност, ветерот обезбедува 40 отсто од енергијата во Данска, и се предвидува дека ќе достигне 70 отсто до 2030 година.

secila

Бидејќи секторот за обновлива енергија – и особено енергијата на ветерот – се однесува на одржливост, има смисла зошто прашањето за рециклирање на турбини на ветер е повлечено. Со оглед на тоа што просечниот животен век на сечилата во турбините на ветер е околу 20 години, многу од нив наскоро ќе треба да се заменат. Каде со нив? Досега, повеќето од старите турбини на ветер се завршени на депонии, што во никој случај не е одржливо решение.

Затоа, данската влада им даде задача на компаниите да размислат како дотраените сечила може да се рециклираат, и има генијални идеи. Една од идеите е овие гигантски метални конструкции да се претворат во гаражи за велосипеди.

secila1

Од мрежата Re-Wind, која собира експерти во различни области, дојде идејата за повторна употреба на сечилата во архитектонски и инженерски структури со тоа што ќе се направат заштитни засолништа за велосипеди и пешачки мостови.

Една од овие две идеи веќе е применета во данското пристаниште Алборг, каде што може да се најде необична гаража за велосипеди, направена од стари турбини на ветер, кои порано правеле електрична енергија. Сечилото се користело како настрешница за велосипеди, и благодарение на неговиот необичен пресек, оваа структура изгледа многу архитектонски.

secila2

Во Ирска, уште еден проект на тимот на Re-Wind наскоро ќе ја види светлината на денот. Технолошкиот институт Корк во моментов работи на рециклирање на три турбини на ветер, кои биле демонтирани на крајот на 2020 година.

Разгледани се неколку предлози, и најверојатно сечилата на турбините на ветер ќе се користат во скејт паркот, за трибините на стадионот и како звучна бариера во Белфаст. Исто така, на повидок е решение што може да направи дури и далекуводи од сечила на турбина на ветер.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top