Насловна / Вести / Наскоро во Скопје најсовремена резиденција за возрасни лица

Наскоро во Скопје најсовремена резиденција за возрасни лица

Residence Dabeski (2)

На есен се очекува отворање на нова современа според сите ЕУ стандарди изградена резиденција за возрасни лица, која ќе го носи името „Резиденција Дабески“. Скопје и Македонија по подолг временски период добиваат нов холистички центар чија основна дејност е вдомување на возрасни лица со целосна грижа за живот и дејствување.
„Основна цел на резиденција Дабески ќе биде грижа и разубавување на пензионерските денови на возрасните лица. Резиденцијата е замислено да работи на еден поинаков начин од останатите институции од ваков вид и затоа за нашите станари подготвуваме богата културно–социолошка програма. Центарот ќе биде целосно опремен според сите стандарди кои се потребни за удобен и здрав живот”, вели Даниела Дабеска, сопственик на резиденција Дабески.
Станарите во оваа резиденција ќе уживаат во секојдневната богата програма за рекреација, а на располагање 24 часа ќе го имаат и стручниот и професионален тим на Дабески. „Резиденцијата Дабески“ која е во завршна фаза од својата изградба е лоцирана на 200 м од општинската зграда во општина Сопиште, a на само осум километри од Плоштад „Македонија“. Целиот објект е опкружен со прекрасна природа која на жителите на Дабески дополнително ќе им ги разубави пензионерските денови.

Испрати коментар

Scroll To Top