Насловна / Вести / Градска марина ќе никне во Охрид

Градска марина ќе никне во Охрид

nova marina vo ohrid

Привршуваат подготовките за утврдување на конечната локација за изградба на марина во Охрид, пишува порталот Ohridpress. За изградба на овој долгонајавуван објект засега се споменуваат две опции. Една е локацијата во централното градско подрачје кај старото градско пристаниште, а втората е во околината на каналот Студенчишта, за која претходно треба да се реализираат и некои предуслови.
Се преговара со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за одбрана околу можноста за дислокација на нивните објекти лоцирани кај каналот Студенчишта.
Изградбата на овој исклучително важен проект финансиски ќе биде со средства од буџетот на Република Македонија.

Испрати коментар

Scroll To Top